Македонија
Донев: Со СДСМ и Констатин Георгиески на власт, Охрид тоне во безизлез
Со СДСМ и Константин Георгиески на власт, Охрид тоне во безизлез. Власта за Охрид покажа непочитување, исто како што покажа и за сè друго. Георгиески водејќи се од девизата 100 пати повторена лага станува вистина ја потценува интелигенцијата на охриѓани. За СДСМ и Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори затоа што откако ќе дојдат на власт забораваат на дадените ветувања. Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните”, изјави на прес-конференција Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Според него, улиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму се во катастрофална состојба, а СДСМ и Георгиески за неколку гласови асфалтираат тесни улички и приватни сокачиња.
„Нефункционирањето на рампите во центарот на Охрид само ја потврдува погрешната политика на локалната власт мислејќи дека ќе го намалат револтот на граѓаните со тоа што рампите стојат кренати токму во кампањата за локалните избори. Дали СДСМ и Георгиески одговорно го слушаат и го разбираат крикот за чист воздух со исечените здрави дрва кај музичкото училиште „Методи Патчев“?
Беззаконието го гледаме на секој чекор, а надлежните се немоќни и не можат да се справат исто како што не можат да воведат ред со дивоградбите. Власта мора да понесе одговорност за сите овие неправди кон граѓаните. Охрид е многу повеќе од лагите и неостварени ветувања на СДСМ. На Охрид му треба градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на граѓаните. Охриѓани знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон нив, а како кон оние кои ниту ги почитуваат, ниту ги штитат туку ја потценуваат нивната интелигенција.
Затоа бројот 5 на 5 мај е единствената опција за охриѓани”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

