Македонија
До утре привремен сообраќаен режим во Влае
Градот Скопје соопшти дека поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, викендов ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Денеска со почеток од 8 часот ќе се затвори булеварот Партизански одреди на потег од крстосницата со улицата Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои ќе гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочат по улиците Московска и Васил Чакаларов или по улиците Скупи и Ацо Шопов.
Утре ќе биде целосно затворен за сообраќај булеварот Партизански одреди во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочат по улиците Васил Чакаларов и Ацо Шопов.
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

