Македонија
ДПСМ: Српскиот народ повторно се најде под провокации и насилство

После подмолното убиство на еден од лидерите на косовските Срби Оливер Ивановиќ и вчерашниот брутален напад над српскиот народ на Косово и Метохија и насилството над главниот преговарач во име на државата Србија Марко Ѓуриќ, сосема сигурно може да се каже дека меѓународните сили не само што не го оправдаа своето присуство на Косово и Метохија туку и ја потврдија неоспорната вистина дека српскиот народ повторно се најде под провокации и насилство и стана позагрозен од било кога до сега, велат од Демократската партија на Србите во Македонија.
„За жал ни Србите во Македонија не се баш во најзавидна состојба после забрзаното спроведување на Тиранската платформа како подлога за федерализација на државата, игноратскиот однос на власта кон српската заедница во врска со доделување на финансиски средства на српските асоцијации во Македонија, воведување на голема врата на идеологијата на бугарската егзархија, протерувањето на руски дипломати и многубројните подмолни подметнувања и напади кон српскиот народ во Македонија и неговото лидерство“, велат од партијата.
На наше задоволство, велат од таму, слободоумниот македонски народ на најотворен начин и најискрено се солидаризира со српскиот народ на Косово и Метохија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.
Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.