Контакт

Македонија

Државата од 2019. не смеела да издава лични документи со Република Македонија, велат од Здружението на млади правници

Објавено пред

Од стапување на сила на Амандманот XXXIII на Уставот, на 12 февруари 2019 година, државата не смеела да издава документи со поранешното име, велат од Македонското здружение на млади правници.

dobivaj vesti na viber

Дали граѓаните на кои им бил издаден таков документ имаат право да бараат надомест на штета? Постои ли основ за кривична одговорност? Нивната правна анализа за состојбите со патните исправи којашто произлезе од преспанскиот договор, ја пренесуваме во целост.

„Со Амандманот XXXIII на Уставот од јануари 2019 името на државата се промени во Република Северна Македонија. Амандманите влегоа во сила со влегувањето во сила на т.н. Преспански договор  на 12 февруари 2019. Со Уставниот закон од 2019, државата презеде обврска постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, да се усогласат со новото име на државата најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила, односно 12 февруари 2024 година.

При толкувањето на обврската од Уставниот закон треба да се обрати внимание на одредницата „постоечките“. Оваа одредница ја ограничува обврската за усогласување на документите и материјалите кои постоеле и кои биле важечки во моментот на уставните измени, а не и документите и материјалите кои се издаваат по влегувањето во сила на уставните амандмани. Со други зборови, одредени органи на државната власт, постапиле спротивно на Уставот со издавањето нови службени документи со старото име на државата по влегувањето во сила на Амандманот XXXIII.

Во прилог на ова толкување е и самиот Преспански договор, кој е ратификуван од страна на Собранието на РСМ, и од каде произлезе обврската за промена на името на државата. Овој договор предвидува обврска за нас „веднаш и во согласност со разумните административни практики“ да се преземат сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат новото име во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали. Техничкиот рок од пет години, кој истече на 12 февруари 2024 се однесува исклучиво на „важноста на веќе постоечките документи и материјали“ во моментот на влегување во сила на Преспанскиот договор.

Околноста што во одредени закони, подзаконски акти и обрасци кои се донесени пред уставните измени кои се сеуште во сила и во кои е наведено претходното име на државата не може да биде основ за издавање на нови документи со старото име. Уставот, како највисок правен акт, а согласно начелото на супремација на Уставот може директно да се примени доколку одредена норма или образец не е усогласен со новото име. Државата не смеела да издава нови службени документи со поранешното име. Поседувањето односно непоседувањето на соодветни обрасци не може и не смее да биде изговор за противуставно постапување.

НОВОТО ИМЕ И ЛИЧНИТЕ КАРТИ, ПАТНИТЕ ИСПРАВИ И ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ

Патните исправи како документи за меѓународна употреба како и возачките дозволи, личните карти, сообраќајните дозволи и регистарските таблички кои можат да се користат надвор од државата, подлежат на обврската за усогласување. Со измените на Законите за патните исправи и безбедност на сообраќајот на патиштата, законски се уреди дека патните исправи и возачките дозволи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во документот, а најдоцна до 12 февруари 2024 година. Со овие измени од 2021 државата признава дека се издавани патни исправи и возачки дозволи со поранешнот име на државата до денот на започнувањето на примената на овој закон, што е спротивно на Уставот.

ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ НА КОЈ ИМ БИЛ ИЗДАДЕН ДОКУМЕНТ СО СТАРОТО ИМЕ НА ДРЖАВАТА ИМААТ ПРАВО ДА БАРААТ НАДОМЕСТ НА ШТЕТА?

За да се одговори на прашањето дали може да се бара надомест на штета неопходно е да се утврди дали во конкретниот случај постојат претпоставки за постоење на облигационо-правен однос:

Штетник – Законите кои го уредуваат издавањето на спорните документи му доверуваат надлежност на Министерството за внатрешни работи, па за секоја можна штета која произлегува од вршење на оваа надлежност одговорен субјект во контекст на штетата е органот;

Оштетен – Оштетен е секое физичко лице чиј имот е намален (материјална штета) или чии лични права се повредени (нематеријална штета);

Штета – Штетата претставува намалувањето на нечиј имот или спречување на неговото зголемување. Во конкретните случаи, штетата може да се однесува на трошоците кои се неопходни за издавање на документите, уплатени патувања кои не можат да се реализираат, како и неможност за вршење на дејност. Ако се работи за повреда на лични права, неопходно ќе биде со соодветен извешај од вешто лице да се докаже дека лицето претрпело повреда и на неговите лични права.

Штетно дејствие – Штетното дејствие е сторено со пропуштање, од страна на Министерството за внатрешни работи да стори нешто кое што било должно да го стори, а тоа е да издава нови документи со користење на новото име на Републиката. Овој елемент на противправност е суштински за да се утврди одговорност на субјектот.

Причинска врска – Намалувањето на имотот или наметнатите трошоци треба да се директно поврзани и да произлегуваат од штетното дејствие. Во конкретниот случај тоа не е тешко да се докаже од причина што со самата околност што е издаден документ со старото име, а органот кој го издал бил свесен дека тоа не смее да го врши, е предизвикан трошок за граѓаните.

При носење одлука дали ќе се преземат правни дејствија или не, сите засегнати страни е неопходно да се консултираат со стручно лице адвокат. Неопходно е да се земат предвид сите околности на случајот како и да се земат предвид неопходните докази.

ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО НА ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ДВИЖЕЊЕ?

Правото да се напушти територијата на државата е суштински елемент на слободата на движење која е гарантирана во членот 27 од Уставот. Ова право, според истиот член може да се ограничи единствено врз основа на закон и тоа само во случаите кога е тоа потребно, и тоа заради заштита на безбедноста на државата, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето. Според ова, а имајќи го предвид принципот од член 54 став 1 од Уставот на РМ дека основните слободи и права можат да се ограничени само во случаи утврдени со Уставот, до одговор на прашањето дали претставува повреда на слободата на движење може да дојде преку следниве две прашања: 1. Дали ограничувањето на ова право се спроведува врз основа на закон? и 2. Дали ограничувањето на ова право е потребно заради: а) заштита на безбедноста на РМ, б) водење на кривична постапка или в) заштита на здравјето на луѓето.

Како што беше претходно наведено, со измените на Законот за патните исправи од 2021 се уреди дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година. Според ова, во потесна смисла на зборот, постои законски основ за невалидност на патна исправа. Сепак важно е да бидат исполнети двата услови кумулативно. Во однос на второто прашање, одговорот е исто така јасен и неспорен. Ограничувањето на ова право ниту е потребно заради: заштита на безбедноста, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.

Преминувањето на државната граница во РМ е уредено со Законот за гранична контрола. Според овој закон, над државјаните на РМ при преминување на државната граница се применуваат тн. минимални гранични проверки. Минималните гранични проверки вклучуваат: (1) проверка на исправноста на патната исправа и (2) провека по несистематска основа во соодветни евиденции и електронски дата бази дали лицето кое ја минува границата претставува закана за националната безбедност, јавната политика, меѓународните односи или закана по јавното здравје. Втората проверка во основа значи дека доколку се утврди дека лицето кое има намера да излезе од територијата на државата се наоѓа на некоја од овие евиденции и електронски дата бази, постои законски основ за спречување на тоа лице да излезе од државата.

Во случај на одбивање на излез од државата граѓаните треба да побараат писмен акт во кој е наведен основот за одбивањето на излезот кој што пак понатаму може да се оспорува во постапка пред Управниот суд.

Заштита на правото на слободата на движење може да се бара само доколку ограничувањето е сторено од домашни органи, а не и од странски гранични служби. Во тој случај, засегнатите лица имаат право да бараат заштита пред надлежните служби таму.

ПОСТОИ ЛИ ОСНОВ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ?

Издавањето документи на обрасци со поранешното име на државата кое се спроведувало според одредени изводи до средината на 2021 година, односно две ипол години по 12 февруари 2019 треба да биде предмет на соодветни предистражни дејствија од страна на надлежните органи. Користењето на обрасци кои не требало да се користат, можната набавка на стари обрасци по февруари 2019, како и доцнењето со набавка на соодветни обрасци ги содржи елементите на кривичните дела злоупотреба на службена положба како и несовесно работење во службата. Неопходно е јавното обвинителство во постапка по допрен глас да ги прибере потребните документи и да утврди дали постојат основи за сомневање за сторено кривично дело“.

Македонија

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

Објавено пред

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.

dobivaj vesti na viber

Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.

Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија2 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ2 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија5 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија7 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија7 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија10 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија10 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија10 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија11 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија11 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија11 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија12 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија12 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет15 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет16 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет16 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет17 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа17 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет17 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...