Македонија
Државен испитен центар почна штрајк: Ова ќе значи неможност да се спроведе државна матура

Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура.
Синдикатот бара од Министерството за финанзии согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои, како што велат, вработените би добиле достоинствени плати.
Се нагласува дека сите 29 вработени се членови на синдикатот, и состојбата на штрајк која би траела подолго од 1 недела би значела невозможност да се спроведе државната матура.
„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии“, се наведува во објавата на синдикатот.
Во овој момент, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари, додаваат од Синдикалната организација на Државниот испитен центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.
ИЈЗ додаваат од таму, во текот на вчерашниот ден испратиле обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.
„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.
Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за
испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности,
без отстапување.
Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по
која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во
вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено
индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго
потекло“.
По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Македонија
Утре претежно сончево, кон крајот на денот зголемена облачност

До крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.
Утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката Данела Арсовска дали знае, дека изгореа Дрисла и Вардариште а како што вели Скопје е затрупано со смет кој никој не го собира.
„Добар ден градоначалничке?
Како сте?
Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.
А со ЈСП до каде сте?
Нели Скопје ќе го правевте модерен град“.
За Зоолошка, вели Кирков да не правиме муабет.
„Таму животните умираат од болести од 19 век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.
Си одите уште месец дена“, пишува тој во објавата.