Македонија
Државен квалификациски натпревар за „Кинески мост“
Институтот „Конфучиј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје по третпат во Македонија ќе организира квалификациски натпревар за учество на Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ за 2018 година. Натпревар кој ќе се одржи денеска од 10 часот во Холот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Централната управа на институтите „Конфучиј“ го организира Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ од 2002 година и досега на него учествувале околу 700 студенти и курсисти од над 60 земји во светот. Во квалификациските натпревари кои се одржале во голем број земји во изминативе 17 години учествувале околу пола милион студенти и куристи.
На квалификацискиот натпревар в сабота ќе учествуваат курсисти и студенти од Македонија кои го изучуваат кинескиот јазик и кои сакаат да го покажат своето знаење, да учат едни од други и да го продлабочат своето познавање на кинескиот јазик и култура. Тие ќе се натпреваруваат во три категории: кинески јазик, општо знаење за Кина и кинеската култура, односно освен своите јазични способности натпреварувачите ќе ја покажат и својата умешност во кинеска калиграфија, сликање, танц, музика, боречки вештини, итн.. Натпреварувачите кои ќе се пласираат на првите две места ќе имаат можност да заминат во НР Кина во јули на финалниот натпревар по кинески јазк „Кинески мост“ за 2018 година. Додека се во Кина тие освен можноста да се натпреваруваат со други студенти и курсисти во познавањето на кинескиот јазик, ќе имаат можност да учествуваа во многу други активности поврзани со јазикот и културата на Кина.
Натпреварувачкиот дел кој ќе заврши во 12:50 часот ќе биде проследен со свечена церемонија која ќе почне во 13 часот и на која ќе бидат доделени потврдите за освоени места и учество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

