Македонија
ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка
„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин, како израз на совест и почит кон граѓаните. Во 1993 година, кога падна авион кај Скопје и Охрид со стотици жртви, министерот Пешев поднесе оставка. Кога потона брод со бугарски туристи, министерот Јанакиески направи исто иако не беше прифатена“, велат од ДУИ.
„По трагедијата со Модуларната болница во Тетово, министерот и заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесоа оставки – иако неприфатени, тие покажаа морална одговорност.
Дури и кога правдата потклекна под политички притисок во случајот со малиот Алмир, министерот за правда Билен Салиу поднесе оставка – како искрен чин пред неправдата.
Но денес, по трагедијата во која загинаа над 60 млади луѓе – чие спречување беше директна надлежност на Министерството за внатрешни работи – ниту министерот, ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка. Напротив, со ароганција го покриваат сопствениот неуспех.
Истата личност што требаше да превенира, денес ја води „истрагата“, обвинува други и преку политички притисоци врз обвинителството се обидува да склучи зделки за сопствено спасување.
Ова не е само морален пад на еден функционер – ова е вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност.
Ова е систем што прво ги жртвува граѓаните, а потоа ја жртвува вистината. Одговорноста не е декларативна – таа се покажува со дела. Граѓаните бараат правда, политичка, институционална и морална одговорност“, соопштуваат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

