Македонија
ДУИ: Владата сака да го стопира проектот за булеварот на патот кон Косово
„Моноетничката власт напредува, од еден скандал на ден, веќе се случуваат по неколку скандали дневно, 60 дена Влада, 120 скандали. Демократската унија за интеграција го смета за неприфатлив и неостварлив предлогот на моноетичката Влада проблемите со градот Скопје да се решаваат на сметка на Албанците преку стопирање на изградбата на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово, како и клучката на семафорите на улицата Словенечка, кој го поврзува и Чаир со патот за Косово“, соопшти ДУИ.
„Како и по обичај, ниту збор од В-аза-ЛЕН за овој потчинување, понижување, омаловажување на Албанците од страна на моноетничката власт.
Владата на ДУИ му додели на Град Скопје 8 милиони евра за булеварот Хасан Приштина, што го поврзува Скопје со обиколницата на патот кон Косово и клучката што го поврзува тој булевар со Чаир, Бутел и Шуто Оризари.
По негирањето на државното знаме, „делумното“ познавање на албанската химна, отстранувањето мжна албанскиот јазик, навредите кон административците, откажувањето пд уставните измени, Охридскиот договор, легитимитетот, јавно дадениот збор и депонираниот потпис, срамот пред Косово и Албанија, негирањето на Косово, носењето на путинистот Стоилковиќ како задолжен за нашите права, откажувањето од коридор 8, дојде ред да се запре и виталниот проект за изградба на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово.
Имате ли трошка достоинство? Зошто влеговте во Владата без легитимитет кога нема ниту една точка од вашата програма? Одговорот е јасен, да се збогатите на сметка на народот и да му служите на ВМРО во антиалбанските политики“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

