Македонија
ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата
„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден што има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и во светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.
„Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.
Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту, пак, стремежите за стабилен соживот и заемна почит.
Во овој контекст е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација, која го криминализира секој став на Албанците. Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури.
Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската Унија, ги ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика, која нема да успее.
Албанците во Северна Македонија постојано го покажуваат својот ангажман кон демократските вредности, еднаквоста и меѓуетничката соживотност. Нема да дозволиме нашите легитимни ставови да се користат како параван за политички манипулации или за зачувување на позициите на оние што ги ставаат личните интереси над интересите на граѓаните и државата.
Ги повикуваме институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Северна Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние што имаат цел да создадат поделби и дестабилизација.
Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците придонесувајќи за европска иднина на Република Северна Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

