Македонија
ДУИ: Наместо да одговори како објектот работел цела година со фалсификувана лиценца, власта апси поранешен министер само затоа што не е нивен
„Секој ден, сѐ поголем е бројот на експерти, професионалци, граѓани кои гледаат и јасно предочуваат што се случува: ова е политички прогон, а не истрага. Наместо да се соочи со прашањето како објектот работел цела година со фалсификувана лиценца, преполн со малолетници, со пиротехника и без дозвола, власта апси поранешен министер – кој одамна нема надлежност – само затоа што не е ‘нивни’“, велат од ДУИ.
„Во држава каде што целото општество е во тага, премиерот на јавна сцена демонстрира вулгарни закани, влечење за уши и нарачува апсења пред камера. Не за да донесе правда – туку за да ја прикрие вистината.
Не за да ѝ помогне на истрагата за тоа кој дозволил, туку за тој лично да ја води истрагата, но по политичка линија.
А сѐ појасно станува дека под површината – сите институции молчеле цела година, иако знаеле што се случува. Клубот бил синоним за „заштитен простор“ на локалната политичка и бизнис елита. Градоначалници, инспектори, командири и пратеници – сите биле таму. Сите знаеле. И сите молчеле.
Јавноста со право бара одговор на логичните прашања:
Кој тоа дозволи клубот незаконски да работи веќе цела година по сите основи: со блокирана сметка, без да издава фискални сметки, пломбиран или не од УЈП сѐ уште не ни е јасно, секако без никаква легална дозвола, дури и со истечена фалсификувана лиценца.
Кој тоа цела година упорно не можел да види редовна употреба на пиротехничките средства што ја има на сите социјални мрежи?
И како тоа никој не ја виде големината на кобниот настан што не само целиот град, туку и целиот регион знаеше?
Кој тоа цела година толерирал објектот да се преполнува над дозволеното, исто како и кобната вечер, дури и со малолетни деца, директно ставајќи ги под ризик граѓаните кои го посетувале објектот?
И на крајот, има ли некој во оваа Влада минимум личен кредибилитет, да побара, или да поднесе политичка одговорност?
Има ли барем од еден од ние кои се на функција веќе една година со таква доблест? Вие може да се заканувате, но ние нема да молчиме. Ќе соработуваме со секоја објективна и независна истрага, но нема да престанеме да бараме јасни одговори на очигледните прашања и да замолчиме пред политичкиот прогон“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

