Македонија
ДУИ: Невиден и нечовечки говор на пратеникот од „Влен“ во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот Ахмети

ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети“.
„Овој говор не претставува само деградација на политичката дебата, туку ги потресе чувствата на многу граѓани кои со право вчера ја изразија својата огорченост и одбивност кон ваквото однесување.
ДУИ го повикува Влен јасно и веднаш да се дистанцира од овој срамен говор и да престане со користење реторика која ги нарушува основните принципи на почит и човечко достоинство.
Продолжувањето на молчењето ќе се смета како одобрување и соучество во ваквото неприфатливо однесување, кое го поткопува достоинството на политичкото претставување на граѓаните.
Ние остануваме решителни да ги зачуваме достоинството и вредностите кои Собранието треба да ги претставува и категорично го одбиваме деградирањето на дебатата на вакво ниско ниво“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Република Северна Македонија, велат од ДУИ.
„Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација.
Овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација. По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции.
ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација.
ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата“, пишува во соопштението на ДУИ.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ

Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, рече денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони јаглен за РЕК „Битола“ во рок од една година. Со два анекса количината на испорака била зголемена, прво за 40 илјади тони, а потоа за уште 48 илјади тони, со што доаѓа до вкупна цифра од 288 илјади тони. Според официјално соопштение од „Лигниторихиа Ахладас“, рудникот во Грција каде се копал јагленот, пратено до грчкото Министерство за енергетика, а до кое дошле истражувачките новинари од Македонија, од овој рудник во 2023 година во Македонија биле продадени 768 827 тони лигнит, по цена помеѓу 28-30 евра по тон. Тоа е три пати помалку од тоа што Зобек мининг груп продава“, рече Петрушевски.
Тој на прес-конференцијата истакна дека „Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче“.
„Ова е возилото Ауди Q8 кое Венко Филипче го вози од изборната кампања наваму. Истото е купено на лизинг од компанијата Зобек мининг груп и дадено на Венко Филипче. Газдата на Зобек мининг груп за новинарите потврдил дека тој го купил аудито на Венко Филипче, преку фирмата која препродавала три пати поскап јаглен на ЕСМ и дека сега возилото е на Филипче. Ова е фрапантно и безобразно. Народот плаќа поскапа струја денес за Венко Филипче да вози Ауди Q8. И истиот овој Венко Филипче без грам срам води политичка партија и бара гласови“, кажа пратеникот Петрушевски.
Македонија
(Видео) Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп.
„Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско однесување и нека кажат дека нема да го има. Толку. Нека кажат не, ние сакаме нашите соседи да се во Европа, еве ќе ви дадеме поддршка, не се грижете нема да има такви барања. Е тоа е вистинска добрососедска политика не само да притискаш некого што е помал и послаб од тебе“, рече Филипче.
Тој додаде дека СДСМ работи и лобира кај сестринските партии од ПЕС за поддршка на извештајот потенцирајќи дека благодарение на храбрите и државнички политики на владите на СДСМ, денес македонскиот јазик е признат во ЕУ.
„Ние нашиот идентитет и јазикот го потврдивме. Се потпиша договор за првпат со Европска унија – Фронтекс договорот, на македонски јазик, нема ѕвездички, нема фусноти – е тоа е патриотизам“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.