Македонија
ДУИ побара целосно расчитување на случајот и казнување на виновниците за смртта на Саздовски
Демократската унија за интеграција изрази длабоко сочувство до родителите, семејството и блиските на починатиот Никола Саздовски. Според партијата, загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претставува чин што секогаш и од секого заслужува целосна осуда.
„Насилството претставува чин за кој нема и не треба да има никакво оправдување и во тој контекст изразуваме целосна поддршка на органите за безбедност и спроведување на законот за целосно расчистување на случајот и без никаква задршка изведување на виновниците пред лицето на правдата. Според информациите што им се достапни на целата јавност, учесниците во овој немил настан се навреме идентификувани и определени се понатамошни мерки во постапката, со што правно очекуваме брзо, правично и ефикасно спроведување на правдата.
Со оглед на насилната природа на овој настан и пораката за омраза што е испратена со овој чин, но и со целосно разбирање на револтот на роднините и пријателите на младиот Никола Саздовски, како и јавниот израз на загриженост на граѓаните, сакаме да упатиме апел што ќе води кон смирување на овој револт, апел за воздржување од провокации, особено апел за воздржување од пораките на омраза и нетрпеливост, кои претставуваат основа за ваквите насилни и немили настани“, велат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

