Македонија
ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина
Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин што сонувал за европската иднина предизвикува длабоки чувства на разочарување и огорченост. Поради неуспехот на оваа влада да ги спроведе уставните реформи, Северна Македонија денес е одвоена од Албанија на својот пат кон Европската унија, велат од Демократската Унија за Интеграција.
Според ДУИ, оваа одлука е директна последица на политички неуспех, но пред сè е тешка неправда за секој граѓанин на Северна Македонија кој ја гледаше Европа не само како политичка цел, туку и како длабока општествена и културна аспирација.
„Веќе не сме на заеднички пат со Албанија, и ова е удар врз регионалното единство и стабилност за кои сме се залагале толку долго. Демократската унија за интеграција постојано предупредуваше дека овој неуспех ќе има сериозни последици. Секој ден кога уставните реформи се одложуваат е изгубен ден за европската иднина на нашите деца. Секој неуспех во усвојувањето на овие реформи е чекор подалеку од европското семејство и чекор поблиску до изолација, поделеност и стагнација. Денес, нашите зборови не се само критика. Тие се отворен апел до секој граѓанин на оваа земја кој ја посакува Европа и верува во нејзините вредности: ова е моментот заеднички да испратиме силна порака за дејствување без повеќе одложувања. Секое доцнење, секој неуспех, само ја продлабочува празнината помеѓу нас и Европската унија“, велат од ДУИ.
Како што се додава, Северна Македонија е Европа, и тоа го заслужуваат нејзините граѓани.
„Не смееме да дозволиме погрешните политики да ни ја одземе иднината. Ова не е партиско прашање, туку државно прашање што го засега секое семејство и секој поединец кој верува во подобра, стабилна и европска иднина. На оваа раскрсница, решени сме да се бориме за тоа што е исправно и за правото на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од европското семејство. Историјата ќе ни суди за овој момент, и ние нема да дозволиме Северна Македонија да остане надвор од Европа поради политичките неуспеси на моментот“, се додава во соопштението.
ДУИ се децидни дека нема повеќе време за губење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)
Македонија
Без вода делови од Карпош
Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

