Македонија
ДУИ: Се гледа кој е за Европа, а кој е против!

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците на Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во нашата земја кои се против ЕУ, НАТО, добрососедството, мирот, стабилноста и безбедноста“, соопштуваат од владејачката ДУИ.
Оттаму посочуваат дека „последните случувања во земјава по предлогот на Советот на ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија ги откриваат поделбите во општеството меѓу прогресивните сили за поддршка на Европската Унија и регресивните сили против ЕУ“.
Регресивните сили во земјава кои ги поддржуваат насилните протести се обидуваат да го попречат европскиот процес што Република Северна Македонија веќе го финализира. За разлика од регресивните, прогресивните сили во земјава кои ги донесоа Охридскиот договор, Договорот од Преспа, членството на земјата во НАТО и автокефалноста исто така успешно го склучуваат прашањето со Република Бугарија за да се обезбеди европската перспектива на нашата земја“, стои во соопштението на ДУИ.
„Европската Унија, Вашингтон, Лондон, Париз, Рим, Берлин, Брисел и сите пријатели на нашата земја го поддржуваат овој предлог“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.