Македонија
ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на спортски терен
Арбен Таравари и негов роднина градат куќа на место што според Генералниот урбанистички план, како и деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени, обвинуваат од ДУИ.

„Денеска сме тука за да го обелодениме следниот скандал на Арбен Таравари, кој, од една страна, камуфлира акции за рушење диво изградени објекти, а во реалност ги стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти. Граѓаните на Гостивар секојдневно ја изразуваат нивната загриженост во седиштето на ДУИ во Гостивар за урбанистичкото злосторство што се случува на територијата на Гостивар под раководство на Арбен Таравари. Жителите на осмата зона во Гостивар ја изразија нивната длабока загриженост за дивоградбата што се гради на простор што е предвиден за спортски терени“, посочува Башким Хасани, потпредседател на разгранокот на ДУИ во Гостивар.

Како што посочуваат од ДУИ, на социјалните мрежи можело да се забележи и реклама од фирмата изведувач, која е во сопственост на близок роднина на Таравари.
Со непреземањето законски инспекциски мерки на терен, велат од ДУИ, ова подразбира дека Таравари го подржува и охрабрува урбанистичкиот хаос и додаваат дека Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски.
Таравари, додава потпретседателот на разгранокот на ДУИ во Гостивар, декларативно се залага за развој на спортот, но во реалноста со овие негови дела ја уништува иднината на секој млад човек и на секој жител на оваа населба, како и на сите жители на општина Гостивар.

„Го повикуваме Арбен Таравари да го прекине годишниот одмор започнат од денот кога е избран за градоначалник на општината, да го прекине летниот одмор започнат со започнувањето на летото и да го прекине неговиот ангажман како лекар спротивно на сите етички, морални и законски норми и да почне да ја извршува должноста за која е избран. Таравари и неговиот тим да почнат да изработуваат детални урбанистички планови и да им овозможат на граѓаните да градат во согласност со законските правила, а не да го стимулира урбанистичкиот хаос“, истакнува Хасани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски објави видео: Скопското Кале целосно исчистено и уредено
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, со порака дека скопското Кале е целосно исчистено и уредено.
Преку својата изјава, градоначалникот Ѓорѓиевски истакнува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од приоритетите на Град Скопје.
Тој потенцира дека Скопското Кале, како симбол и гордост на градот, заслужува континуирано внимание, одржување и заштита, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се обезбеди пријатна и безбедна средина за сите посетители.
Од Град Скопје велат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон унапредување, одржување и промоција на културно-историските знаменитости во главниот град.
Македонија
Облачно со дожд и снег, магла по котлините – врнежливо и во наредните денови
Времето утре облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
Средба Сали – Кочиу: Забрзување на ONE STOP SHOP и нов импулс за институционалната соработка меѓу Македонија и Албанија
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу
За време на средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете држави, проектот ONE STOP SHOP, за кој се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, како и можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и развојот на економските инвестиции.
Во овој контекст беше нагласена важноста на политичката и институционалната координација за реализација на стратешките проекти. Двете страни се согласија за интензивирање на дијалогот и секојдневната соработка меѓу надлежните институции, со цел унапредување на конкретните проекти кои го зајакнуваат партнерството меѓу двете земји и придонесуваат за стабилноста, економскиот развој и европската перспектива на регионот.

