Македонија
ДУИ ја поздрави изјавата на Ескобар дека Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Македонија да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија.
Од ДУИ велат дека силното партнерство и мултилатералното сојузништво на Северна Македонија со НАТО и ОБСЕ е заслуга на проевропските политики на актуелната Влада, што е нагласено и во оценките на стратешкиот партнер на Северна Македонија – Соединетите Американски Држави.
„Затоа, кампањата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ги отелотворува промените што државата ги спроведе во однос на интеграцијата, додека истата политика ќе продолжи и по изборите на 8-ми мај, кога граѓаните ќе гласаат за остро да ги осудат руските импликации кои веќе се дел и од албанската и од македонската опозиција“, велат од ДУИ.
Според нив, токму шефот на дипломатијата Бујар Османи, воедно и кандидат за претседател на државата, како претседавач со ОБСЕ го претворил Скопје во светски центар на политичките случувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

