Македонија
Дурловски: Се гордеам што ја носам тежината на минатото, но ја гледам светлината на иднината
„Се гордеам што ја носам тежината на минатото, но пред мене ја гледам светлината на иднината!“
Вака Игор Дурловски, носителот на Петтата изборна единица, го почна својот говор на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се претставуваат кандидатите за пратеници.
„Македонија е да не ги заборавиме неправедно осудените. Македонија е да се бориме достоинствено и со крената глава за неа. Македонија е да ја држиме вистинската страна, страната на победниците, страната на вистината. Македонија е да не ги заборавиме идеалите на нашите предци. Македонија е да не ја загрозуваме иднината на нашите деца“, рече Дурловски.
Тој пред присутните вети дека од него ќе добијат искрена борба, мотивација, работа, знаење и победа.
„Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот по сите национални понижувања што ги доживеавме заедно. Да го обновиме системот, кој свесно и во континуитет е рушен, да ги поддржиме најдобрите да водат и да ги употребат сето свое знаење, мотивација, храброст. Свесно со политички средства ќе им ги покажеме нашата сила и мудрост“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

