Македонија
Евролибералите одлучно за почеток на преговори со земјава до крајот на годината
,,Северна Македонија постигна неверојатен успех во изминатите две години, претворајќи се од авторитарно општество во отворена демократија. Успесите во решавањето на проблемите со соседите имаат далекусежни последици. Сите ние, вклучително и нашите партнери од Франција од партијата на претседателот Макрон, тоа мора да го поддржиме и да го испорачаме ветеното за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година. Ќе разговараме со сите ова да се гарантира”. Тоа беше заклучокот на претседателот на АЛДЕ, Ханс ван Бален, од владеачката холандска Либерална партија на премиерот Марк Руте, за време дебатата на лидерската средба на АЛДЕ овој викенд во Цирих, Швајцарија на која во име на ЛДП учествуваше Емил Кирјас.
Како што соопшти ЛДП, фокус на дискусиите на Советот на партијата на Европските либерал-демократи – АЛДЕ, чиј полноправен член е Либерално-демократската партија, беше најдобириот резултат на Европските либерал-демократи во историјата на изборите за Европскиот парламент. Како водечка сила во третата по големина група во Европарламентот ,,Обнова на Европа”, ќе следи зголемено учество и влијание на АЛДЕ во одлуките кои се носат во Брисел на сите нивоа. Се очекува во текот на оваа недела да се знае кои точно клучни позиции во ЕУ ќе им припаднат на либерал-демократите.
Во рамките на Советот на АЛДЕ, Емил Кирјас оствари повеќе средби на највисоко ниво со цел да се осигура почеток на преговорите до крајот на годината.
Безусловна поддршка на РС Македонија за започнување на преговорите со ЕУ и изразија неодамнешниот премиер на Словенија, а сега министер за надворешни работи Миро Церар, министерката за социјална политика и лидер на либералите од Луксембург, Корин Каен,
претседателката на британските Либерал-демократи, Баронесата Сал Бринтон, партијата која на изненадување на сите го освои второто место на европските избори, а моментно води на анкетите во Британија.
На Советот на АЛДЕ, Кирјас говореше и со Никола Беер, генерален секретар на германсккте либерали и која се очекува неделава да биде избрана за потпретседател на Европарламентот и со Михаел Линк, поранешн државен секретар во германското МНР и директор на ОБСЕ-ОДИХР, сега пратеник во Бундестагот. Тие искажаа уверување дека на пленарната седница на Бундестагот во септември ќе има мнозинство кое ќе го поддржи предлогот на Европската Комисија за РС Македонија. Во разговорот тој укажа: ,,Продолжете да работете напорно. Го следиме позитивниот напредок на РС Македонија. Добро е што ЛДП добива позначајна улога во Владата, тоа ќе има влијаните кај нашите пратеници да гласаат позитивно.”
И од Данска која до неодамна се спомнуваше како скептична во однос на преговорите овој пат со позитивни пораки пред самитот во октомври. Додека пак европратеникот од Бугарија Илхан Ќучук информираше во рамките на новиот состав на Европарламентот има зголемена заинтересираност за состојбите во Северна Македонија што може да даде дополнителна можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.
Со претседалот на црногорските либерали и пратеник во црногорскиот парламент Андрија Поповиќ беше договорено интензивирање на соработката имајќи предвид дека наскоро двете земји ќе преговараат за членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

