Македонија
Европратеничката Клер Дејли со поддршка за кандидатурата на професорката Ванковска
Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и поддршка за кандидатурата на професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица, се вели во денешното соопштение од канцеларијата на Ванковска.
„Ирска е неутрална земја на периферијата на Европа, на некој начин слична на Македонија. Иднината за нас е можна само преку мирни односи со соседите и е исклучително важно за нас да мали земји кои имаат “традиција на неврзаност“ настапат на европската сцена со глас на мир, глас на дипломатија и добри односи со сите соседи!“ – изјави Клер Дејли.
По тврдењето дека фокусот на Европа е веќе изместен од заложбите за доброто на граѓаните и сега ја застапува олигархијата, европратеничката го заврши својот говор со зборовите „Ги праќам најтоплите поздрави до Билјана, се надевам дека исходот на изборите ќе е таков што Македонците ќе се гордеат со изборот. Ти го посакувам најдоброто во претседателската кампања и ви порачувам на сите вас да излезете и да ја поддржите професорката Ванковска!“, стои во соопштението.
Популарната независна левичарка Клер Дејли и нејзиниот колега Мик Валас лани во декември инаку беа гости на пленумот на Левица во Скопје, каде европратеничката оддржа вирален говор од кој одекна: „Ужасно е тоа што од Македонија побараа да го смени името и да си ја негира историјата“, пишува во соопштението од претседателската кандидатка Ванковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

