Контакт

Македонија

Европската конференција за блатни екосистеми во Охрид – пресвртна точка за Студенчишко Блато

Објавено пред

Европската конференција на научниците од областа на блатните екосистеми (SWS), која се одржуваше од 30 април до 4 мај во Охрид, донесе околу 50 експерти од оваа област. Покрај својот годишен состанок, експертите се собраа токму во Охрид за да го видат овој „скапоцен камен на природата“ и првенствено да го видат Студенчишкото Блато. Бидејќи за Блатото се зборува на годишните конференции на SWS уште од 2015 година кога во Македонија „бетониран предел“ звучеше попривлечно од „илјадници години стар природен воден филтер со илјадници птици, ендемски видови, зародиш на живот, чувар на микроклимата – срцето на езерото!“, соопшти Охрид СОС.

dobivaj vesti na viber

Во позитивен дух, врз основа на својата експертиза и посетата на Блатото, научниците едногласно ја усвоија Декларацијата за заштита на екоситемот на Охридското Езеро во која констатираа дека Охридското Езеро и со него поврзаното Преспанско Езеро имаат исклучителна вредност поради богатството на биолошка разновидност и неспоредливиот континуитет на развој во текот на најмалку 1,6 милиони години што довело до создавање  уникатна средина која овозможува истражувања на климата и еволуцијата, како и создавање голем број ендемични видови.

Охридското Езеро е сè уште во извонредна состојба, но постојаниот внес на отпадни води претставува сериозна закана за неговиот квалитет. Последното живо блато на македонскиот охридски брег, Студенчишко Блато, е евидентно деградирано и многу помало од неговата природна големина пред 50 години. Од низата деструктивни активности, последната е скорешната изградба на широка асфалтна патека која го нарушува неговото хидролошко единство со Охридското Езеро. Остатокот од Студенчишко Блато е суштински важен и многу вреден поради биолошката разновидност, добро одржаните неколкуметарски слоеви тресет, единствениот целосно функционален блатен систем кој се граничи со Охридското Езеро и обезбедува многубројни екосистемски услуги (прочистува, штити итн.), а неговиот загубен дел може лесно да се ревитализира.

УНЕСКО статусот се покажал како недоволен да го спречи директното влевање на загадена вода во езерото и не обезбедил никаква заштита за вредното Студенчишко Блато. Охридското Езеро како единствен систем со Студенчишко Блато е од клучна важност за економскиот развој кој може да се постигне преку одржлив туризам, така што заштитата и ревитализацијата на овој екосистем мора да бидат број еден приоритет за регионален развој.

Друштвото на научници за блатни екосистеми (SWS) со оваа Декларација ги повикува локалната и централната власт значајно да ја подобрат заштитата на Охридското Езеро, вклучително и на Студенчишкото Блато и на езерскиот слив, што оптимално би се постигнало со прогласување на езерскиот систем како блатен екосистем од меѓународна важност под Рамсарската конвенција, за што имаме информација дека е добредојдено во Рамсарскиот секретаријат во Швајцарија и може да се реализира со расположливите податоци.

Исто така се повикува на итно изготвување и спроведување  акциски план за заштита на Студенчишкото Блато и за негова итна ревитализација, што подразбира замена на постојниот пат кој ги раздвојува Блатото и Езерото со дрвена патека, со цел да се овозможи комуникација со езерото, чистење на отпадот, запирање на земјоделските активности со обесштетување на сите сопственици на имоти на најдобар можен начин, и многу важно – трајно враќање на Блатото во неговата првобитна големина.

Потребна е и сериозна ревизија на практиките на управување со водите во урбаните и руралните области околу езерото за да се спречи влевање на загадена вода, како и обнова и создавање  нови блатни системи. Локалната власт во Охрид треба да развие повеќе атракции за природен туризам во регионот за да се зголеми приходот преку понуда на поразлични опции и продолжување на туристичката сезона каде што Студенчишко Блато како парк на природата би имало значајна улога.

Оваа декларација треба да послужи како уште една силна причина македонските власти што поскоро да ја поднесат иницијативата за впишувањето на Охридското Езеро на Рамсарската листа, да се докомплетира студијата за варолизација на Блатото, тоа да се заштити во целиот обем, но и да се прошири.

И Рамасаркиот комитет се обрати до учесниците на конференцијата преку писмо во кое се вели: „Ги поздравуваме позитивните сигнали од македонските власти за можното впишување на Охридското Езеро и со него поврзаните блатни екосистеми во Рамсарската листа на водни живеалишта од меѓународно значење“.

На формалното затворање на конференцијата, претставници на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ му врачија благодарница на Друштвото за неговата неколкугодишна заложба за алармирање на потребата од заштита на Блатото во научните кругови, дописи до претставниците на власта во Република Македонија, поддршката кон иницијативата на Охрид ЅОЅ и Е.Д.Е.Н. за прогласување на Блатото за споменик на природата и Рамсарска локација (заедно со Езерото). Исто така, симболичен подарок му беше врачен и на стариот пријател на Охрид, проф. д-р Јос Ферхуфен, поранешен претседател и актуелен заменик-претседател на Европскиот огранок на SWS, кој за Студенчишко Блато зборуваше дури до Кина, бидејќи „научниците треба да се огласат и тогаш кога не се прашани“. Тој зборуваше кога беше најпотребно и кога повеќето избраа да молчат.

Според Охрид СОС, науката, од жариштето на биодиверзитетот на Европа ја испрати својата јасна порака, сега на потег се носителите на одлуки. Владта ја усвои иницијативата за Рамсарска номинација и заштита на Студенчишко Блато. Оваа конференција треба да биде и пресвртна точка за Охридскиот Регион, бескомпромисно отворање на еден нов, современ, пат за економски развој кој одговорно ја вреднува и паметно управува со природата.

Македонија

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)

· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.

Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови

Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет43 минути

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет49 минути

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет53 минути

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион16 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет20 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија23 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...