Македонија
Во пукањето во Мала Речица убиен е Наип Реџепи

Во вчерашниот вооружен инцидент во Мала Речица, убиен е Наип Реџепи, а двајца се повредени, информираат од МВР. Реџепи (46) од с.Белановце, општина Липково, починал во Клиничката болница Тетово откако им подлегнал на повредите. Во инцидентот повредени се Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.
Полицијата привела четири лица за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка. MВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.
„Макфакс“ дознава дека пукањето било на улица каде што е седиштето на ДУИ, а во близина имало објекти на познати тетовски бизнисмени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Каде завршија 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага“, велат од ДУИ.
„Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари“, соопшти ДУИ.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.