Македонија
Единствена Македонија: Голема победа на „Македонија бојкотира“
Кризниот штаб против референдумот „Македонија бојкотира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија вчера ѝ нанесоа силен референдумски пораз на марионетската власт во Скопје купена и контролирана од странски центар, соопштија од партијата Единствена Македонија, која е дел од кризниот штаб против референдумот.
„Поразот за власта е уште поголем ако се знае дека кризниот штаб ‘Македонија бојкотира’ во исцрпувачката 20-дневна кампања на терен со скромни ресурси го победи силниот противник како што беше марионетската власт и нејзините странски газди од НАТО САД, ЕУ, како и скапата референдумска кампања во милиони евра. Кризниот штаб ‘Македонија бојкотира’ македонскиот народ и поголем дел од граѓаните ја извојуваа победата оти наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори го имаа најсилниот и нескршлив аргумент што не се купува со никакви пари: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани од Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

