Македонија
Единствена Македонија: Делегација на Единствена Македонија спречена да отиде во Нивици, на Бачев изречено тригодишно протерување
Единствена Македонија реагира на вчерашната мерка на јужниот сосед за одбивање влез на граница на пошироката делегација на партијата која одеше во Нивици, Беломорска Македонија по повод петгодишнината од склучувањето на т.н преспански договор.
Откако членови на делегацијата повеќе од пет часа беше малтретрирани со информативни разговори од цивилни полициски службеници, на крај не беше одобрен влез, велат во соопштението до јавноста Единствена Македонија.
Притоа, неосновано и спротивно на атинскиот закон за странци, на претседателот Бачев покрај одбивањето на влез му беше изречено тригодишно протерување. Но, најстрашно во целата ситуација е што не е издадено решение за протерување со наведување на конкретни причини од министерот за внатрешни работи на јужниот сосед кој е надлежен за вакви решенија, а кое решение подлежи на соодветна постапка (жалба и управна тужба) во смисла на директивите на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

