Македонија
Единствена Македонија: Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители
Од Единствена Македонија го обвинија премиерот Зоран Заев дека вршел масовно испитување на случаите за кои биле заинтересирани, како што велат, неговите миленици Албанци. Според нив, се работи за случаите „Диво Насеље“, „Монструм“, „Бродец“, „Сопот“, а со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободувале инволвираните Албанци во овие случаи.
„Единствена Македонија по повод најновата годишнина од крвавиот масакр кај Вејце го повикува Зоран Заев да ги испита случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски Пат, а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Единствена Македонија е свесна за стравот кај Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители земајќи предвид дека убијците на бранителите седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ. За Единствена Македонија, нема дилема.
Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски Пат во едни од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја од страна на колегите на Заев од ДУИ, мора да се расчистат.
Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно постојат оперативни докуметни во кои детаљно се опишани учесниците од терористичката ОНА, а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

