Македонија
Единствена Македонија: Марионетската власт и нивните странски газди се спречени во очајничкиот обид за промена на името
Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса на синоќешната седница расправаше за новонастаната состојба во врска со обидот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.
Општ став изнесен на седницата беше дека македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да бидат спокојни бидејќи, како што велат од Единствена Македонија:
„Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО во јули, ниту ќе се смени името со што оваа стратешка цел на Единствена Македонија, која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена. На секој нормален човек во земјата веќе му е јасно дека иднината на Македонија е во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија, додека за НАТО и ЕУ се само купените и корумпирани македонски политичари кои добро знаат дека им се ближи крајот, ќе одговараат, а украденото ќе им биде одземено и конфискувано.
Централниот комитет на Единствена Македонија го поздрави прифаќањето на сугестиите од страна на Алексис Ципрас наведени во писмото на претседателот Бачев кое го упати до грчкиот премиер пред 7 дена“, се наведува во соопштението.
Новата легална власт на Единствена Македонија, како што велат, веднаш ќе го префрли спорот за името од политичкиот на правниот терен бидејќи на Македонија ѝ стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми за употреба на името – Република Македонија во Обединетите нации.
На седницата на Централниот комитет на Единствена Македонија беше разгледана и можноста за проширување на Извршниот комитет на партијата и прашања во врска со новиот избор на 53 општински комитети на партијата, а во оваа насока беа утврдени конкретни насоки до крајот на летото да биде проширена партиската инфраструктура во сите 80 општини во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

