Македонија
Единствена Македонија: Мозокот на Мицкоски закочил во 1948

Христијан Мицкоски во стилот на здодевен вознемирувачки агитатор, во последните десетина дена при гостувањето на сите национални телевизии постојано бара апсење на претседателот на партијата Јанко Бачев поради качувањето на полициско возило и веење на руското знаме на Собирот пред Собранието на 17 јуни годинава, велат од Единствена Македонија.
„Мицкоски бара апсење на Бачев, замислете, поради тоа што министерот во МВР Оливер Спасовски така изјавил во телевизиски настапи. Единствена Македонија во име на македонскиот народ и во име на ВМРО го прашува лидерот на ДПМНЕ Мицкоски, за кое апсење на претседателот Бачев зборува кога апсењата се вршат врз законска основа, а не врз основа на изјави на полициски министер“, велат од партијата.
Според нив, качувањето на полициско возило и веење на руско знаме не се пропишани како кривично дело во ниту еден закон во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мојсоска од Левица: За ДПМНЕ во опозиција ССМ и барањата за зголемување на платите беа легитимни, а сега ништо не им е легитимно

По соопштенијата на ВМРО- ДПМНЕ со кои го нападнаа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и вчерашната изјава на премерот Христијан Мицкоски во однос на барањата на ССМ и обвинувањата дека ССМ е во коалиција со Левица, СДСМ и ДУИ, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, потсети дека во 2022 година токму пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во Собранието ќе го достави барањето на ССМ за зголемување на платите:
„Власта започна војна со синдикатите и тоа од највисоката фигура во Владата – премиерот. Вчера Мицкоски изјави дека ‘ССМ станале портпароли на Левица и СДС и дека 7 години претходно не правеле ништо за зголемување на минималната плата’.
Или Мицкоски лаже или не е запознаен што правеле неговите пратеници во опозиција. Токму пратениците од ДПМНЕ (како опозиција) имале состаноци со синдикатот ССМ и ги поднесувале нивните амандмани за зголемување на минималната плата. Истите оние кои сега ДРСКО ги одбиваат!
И пазете, Мицкоски изјавува дека ВЛАДИНА комисија ќе ја утврдува легитимноста на раководството на ССМ. Како истото раководство беше легитимно кога пратениците од ДПМНЕ седеа на маса со нив?!
Премиерот Мицкоски најави дека нема да преговара за минимална плата со “нелегитимен” синдикат. Ама затоа е спремен да преговара со претседател на Стопанска комора која учествуваше во картелско договарање на цените на маркетите и суров грабеж на народот“, напиша пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.
Македонија
Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин.
Како што извести АМСМ, на излезот од Крива Паланка се случила сообраќајна незгода.
Возилата се пренасочуваат по стариот пат, додаваат од АМСМ.
Македонија
Герасимовски: Финансираме поддршка за жртви на насилство, млади во ризик и деца со попреченост

Општина Центар распиша јавен повик за поддршка на проекти кои обезбедуваат социјални услуги за ранливи групи граѓани.
Повикот е насочен кон подобрување на пристапот до социјални услуги, со акцент на три клучни области: психосоцијална поддршка за жртви на насилство, услуги за млади во ризик од зависности и индивидуализирана поддршка за деца со попречености.
„Живееме во време кога младите се изложени на различни предизвици, меѓу кои агресијата, дрогата, отуѓувањето. Инцијативата е насочена кон обезбедување стручна поддршка за нив, но и за другите ранливи групи, како што се деца и жени жртви на родово насилство и деца со попреченост. Преку ваквата помош имаме за цел да ја поттикнеме социјалната вклученост и инклузивност на сите на кои им е потребна“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Повикот е отворен за здруженија на граѓани со седиште во Општина Центар, кои се регистрирани и активни најмалку една година, лиценцирани од Министерството за труд и социјална политика или кои имаат потврда за испорака на специфична услуга, и кои имаат искуство во спроведување социјални услуги.
Апликациската форма и деталната листа на документи се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар.
Пријавите со комплетна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар или по пошта, во рок од 10 дена од објавата на повикот.
Приоритетите на јавниот повик за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар се утврдени во Програмата за здравствена, социјална и заштита на децата за 2025.