Македонија
Единствена Македонија: Стари структури блефираат дека можно е да се повтори 2001
Единствена Македонија на Јанко Бачев ги осуди, како што наведуваат оттаму, вчерашните отворени закани на Џес Бејли, Јоханес Хан и Иво Вајгл дека доколку Македонија не стане членка на НАТО и не го промени името, нема иднина, па дури и дека постои опасност од закана за нов конфликт сличен на оној од 2001.
„Заканите со повторување на 2001 се закани од стари структури на темната држава, која заедно со терористички организации во светот рушат држави до темел и убиваат народи за добро утро, меѓутоа направиле предвид дека 2018 не е иста како и 2001. Очигледно е дека паниката во редовите на овие странски блефери и пучистичката влада во Скопје поприма хистерични размери“, се наведува во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија посочуваат и дека во овој контест е, како што велат, и најновата русофобија на Зоран Заев.
„Неуспешните НАТО-журови внесоа дополнителна хистерија и кулминацијата на шизофрената русофобија на марионетската власт во Скопје и на Калето“, велат од партијата на Бачев и апелираат македонскиот народ и граѓаните да останат спокојни бидејќи, како што истакнуваат, Македонија ќе победи и нема да има промена на името и влез во НАТО и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

