Македонија
Една година СДСМ- една година чемер и јад, обвинува опозицијата
Една година СДСМ, една година чемер и јад. Животот што го ветуваа за граѓаните се претвори во беда. Една година лаги и манипулации. Нема 500 евра просечна плата, нема 100 000 денари плата за лекарите, нема 12 000 денари социјална помош, нема поголеми пензии, нема ништо ни од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта, нема бесплатно болничко лекување, исто како што нема и 15% поврат на ДДВ. СДСМ сè што вети излажа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ги излажаа граѓаните пред избори, ветуваа брда и долини, мерки и проекти. Ништо од тоа не остварија. Една година државата бележи само стагнација, како на економски така и на општествен план.
„0% раст на БДП во услови кога цела Европа бележи рапиден напредок, 45% помалку издадени градежни дозволи во март оваа година во споредба со март лани, 300 милиони евра нов долг за првите три месеци од 2018 година, заробена држава, политизирани институции и судство под контрола на власта, ова е сликата за Република Македонија по една година од владеењето на СДСМ. Државата е на дното на Европа на индексот на корупција на Транспаренси во друштво со земји од третиот свет, корупцијата цвета, а тоа го нотираат и видни земји членки на ЕУ. Додека криминалот царува заробената држава ги штити криминалците и наместо за граѓаните работи за потребите на картелот.
Безнадежноста, криминалот и корупцијата не смеат да продолжат да бидат наше секојдневие. Овој криминален картел мора да си замине. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, кои сакаат Република Македонија да зачекори на вистинскиот пат на 2 јуни во 20 часот пред Владата да кажат НЕ на оваа недемократска и ненародна власт“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

