Македонија
Едукативни игри и активности за деца од 3 до 6 години објавени на платформата ЕДУИНО
Делот за предучилишно образование на платформата за е-учење ЕДУИНО е во функција, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
ЕДУИНО е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители, на која може да се најдат, користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од 3 до 6 години.
Платформата обезбедува содветни содржини за учење базирано на игра во воспитно-образовните институции, детски градинки/центри за ран детски развој, како и во домот со родителите за да се осигури квалитетна едукација и забава за најмладите. Оваа платформа нуди видеа со разработени воспитно-образовни содржини за децата на предучилишна возраст од 3 до 6 години.
Видеата се во траење од 15-ина минути и се придружени со презентација и нарација/објаснување од воспитувач. Досега се поставени над 150 видеа на македонски и албански јазик.
Во иднина сите воспитувачи и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности подготвени за користење за деца од 3 до 6-годишна возраст.
Дигиталната платформа со видеоматеријали и активности за учење преку игра е достапна на следниот линк: www.eduino.gov.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

