Македонија
Едукативни тури „По стапките на ослободителите“ во чест на 13 Ноември
Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје денеска и утре се одржуваат бесплатни едукативни тури „По стапките на ослободителите“, во кои граѓаните имаат можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години, соопштија од Град Скопје.

„Граѓаните имаат можност да го разгледаат Музејот на илегалните работилници за оружје сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода“, стои во соопштението на градот.

Турата продолжува пеш кон Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните дознаваат нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември и спонтаната народна веселба што се одржала по ослободувањето на Скопје, а на која присуствувале главните чинители на ослободувањето и членови на президиумот на АСНОМ, додаваат од Град Скопје.

Едукативната тура завршува пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.
Ваквата едукативна тура која ќе се одржи и утре ќе биде со почеток во 12 часот, пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад Археолошкиот музеј, на кејот на Вардар), велат од Град Скопје.
Во понеделник и во вторник, пак, едукативната тура „По стапките на ослободителите“ Градот Скопје ќе ја организира и за учениците од градските средни училишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

