Македонија
Екоакција „Чисти ридови за сите“ во Струмица и регионот
На 26 март 2023 година, со почеток во 10 часот, екоакцијата „Чисти ридови за сите“ повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и на Ново Село.
Во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат сите општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на општините ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција.
„Ќе се чисти на неколку места во сите општини одделно, а повеќе информации за зборните места и што треба да понесете со вас ќе има во текот на наредните денови. На природата ѝ треба наша постојана заштита и заштита. Човештвото не мисли дека уништувањето на шумите, загадувањето на водата и уништувањето на животните доведува до смрт на природата. Дополнително, создавањето мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме“, велар организаторите.
![]()
Екоакцијата „Чисти ридови за сите“ веќе неколкупати покажува пример како, наместо да се загадува животната средина, таа редовно треба да се чисти и штити, а во соработка со речиси сите општествени фактори како и да се креира една континуирана стратегија сè со цел и местата каде што луѓето сè уште не водат доволно грижа за овој клучен момент да бидат запознаени кои се бенефитите од здрава и чиста животна средина.
„Човековата околина, особено онаа што е со редовен пристап од многумина, треба да биде на мапата за постојан пристап за чистење, а со тоа и загадувачите да бидат информирани за негативните постапки и соодветно казнети“, додаваат организаторите.
Со акцијата целта им е да се остави позитивен пример и за идните генерации.
Никој не сака загадена почва, вода и воздух, па оттука потребата за почести акции за чистење на околината во која живееме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

