Македонија
ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија, власта очекува чиста препорака
Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија. Властите очекуваат земјата да добие безусловна препорака за членство во Европската Унија.
„Македонија навистина заслужува кристално чиста препорака и верувам дека ќе ја добиеме. Важна ни е нарацијата или зборовите во таа препорака затоа што тоа за нас е или охрабрување или обесхрабрување, но не само за нас, важно е и за граѓаните. Важно е за сите вклучени во реформските процеси. По оваа препорака, Македонија продолжува со реформите“, рече вчера премиерот Зоран Заев.
И навистина, додаде тој, ако биде потврдено тоа што е сработено и добиеме кристално чиста препорака, тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите.
Вчера исто така вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, му го предаде на евроамбасадорот Самуел Жбогар финалниот фактографски извештај за реализација и имплементација на реформите од планот 3-6-9.
„Реализиравме над 90 отсто од предвидените реформи во планот 3-6-9 и 100 отсто од неговата суштина. Планот ја постигна својата цел и ја врати земјата на евро-атлантскиот пат“, истакна Османи при предавањето на извештајот на евроамбасадорот Жбогар.
Тој додаде дека во согласност со испорачаните резултати очекува убави вести денеска од Брисел за Македонија при претставувањето на извештајот на Европската комисија за земјава.
Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година по изгласувањето на новата Влада, чија цел беше одмрзнување на реформскиот процес во Република Македонија и враќање на државата на евро-атлантскиот пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

