Македонија
„Еуромакс рисорсис“: нема никаква основа за грижа за здравјето на граѓаните и животната средина
Соопштение за јавност за денешниот протест во Струмица испрати компанијата „Еуромакс рисорсис“. Во него се вели:
Имаме целосно разбирање за грижата на жителите на Струмичката котлина и на целокупната македонска јавност. За жал, долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикаа неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност.
Како и досега, Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста. Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник.
Преку нашата секојдневна комуникација со локалното население успеваме да ги адресираме сите загрижености презентирајќи факти и вистински аспекти за работењето на идниот рударски комплекс. На тој начин континуирано низ годините се гради доверба во процесот, што се потврдува и со неодамнешното потпишување на „Меморандум за соработка“ помеѓу Еуромакс Ресоурцес и претставници на повеќе од 300 фамилии од двете најблиски средини Иловица и Штука.
За жал, со денешниот протест се врши груб притисок врз надлежните државни институции за да се принудат наместо да одлучуваат согласно позитивните законски прописи, да ја стават најголемата инвестиција од независноста во дневно политичка агенда. Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните.
Апсолутно злонамерна шпекулација е дека актуелната Одлука на управните судови, по која постапи Владата, е прва судска пресуда во корист на Еуромакс Ресоурцес. Имено, во март и ноември 2020 година, Управниот и Вишиот Управен Суд со правосилна Пресуда ја прифатија Тужбата на Еуромакс Ресоурцес, воспоставувајќи тогаш цврст судски став за потврдување на правните аргументи за неопходноста од одлучување за спојување на двете концесии.
Во рударскиот комплекс Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и најсовремени методи за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Еуромакс Ресоурсис е компанија, каде клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант Групацијата Трафигура, која како врвен приоритет ги имплементира највисоките светски стандарди во рударството. Впрочем и одредени рударски комплекси кои се или биле управувани од Групацијата Трафигура потврдуваат дека рударството и земјоделието може да коегзистираат и да се развиваат заедно.
Затоа ние од Еуромакс Ресоурцес силно веруваме во тој „вин-вин“ концепт дека во современи услови рударството, земјоделието и туризмот може паралелно да се надградуваат.
Убедени сме дека планираната инвестиција „Иловица-Штука“ е во најдобар интерес за регионалната и националната економија, како и за локалните управи и нивните развојни буџети. Реализацијата на овој проект ќе донесе многу нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард за граѓаните, ефикасно стопирање на болниот процес на иселување од земјата, директно ќе обезбеди современ пристап и финансиски средства за континуирано инвестирање во безбедна и здрава животна средина.
Посебно сме охрабрени од фактот дека во последниве неколку недели во нашата компанија и Инфо Центарот во Иловица, се јавија повеќе од илјада граѓани за да ја препотврдат или да најават нивна заинтересираност за долгорочен работен ангажман. Примивме и многу апликации од наши сограѓани кои во овие моменти се на привремена работа во странство.
Токму затоа, ќе повториме дека инвестицијата „Иловица-Штука“ несомнено ќе овозможи реално остварлив просперитет за подобар живот – сега и веднаш!!!
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

