Македонија
(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи
Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира дека МВР 10 години нема набавено нова униформа за полицијата и се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да шетаат во стара и искината униформа.
„Неколкупати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден датум не беше почитуван. Бараме од МВР веднаш да набави нова униформа бидејќи летото го минавме со по една кошула, но зимата е пред нас и не знаеме што ќе правиме“, рече Ефремов.
Тој исто така истакна дека со воведувањето на 7-часовното работно време за полицијата се јавува нов проблем бидејќи со оваа одлука се кршат Законот за работните односи и колективниот договор.
„Полициските службеници се ангажирани на работа буквално секој ден, а често и по двапати во текот на денот. Правото на неделен одмор е целосно скратено, а приватниот живот речиси е невозможен. Невозможно е дури и да се испере она парче униформа што го имаат сочувано“, рече Ефремов.
Тој пред медиумите извади старо полициско капче за кое кажа дека го отсликува реалното лице на полицијата, избледено, изнемоштено и исплашено.
„Со секојдневното ангажирање на полициските службеници тие се изнемоштени и речиси неспособни за извршување на работните задачи, но стравувајќи да не бидат прераспределени, исплашени се јавно да проговорат и затоа приватно се опремуваат, купуваат и шијат“, рече Ефремов.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

