Контакт

Македонија

Жерновски: НАТО и ЕУ се поважни од меѓупартиските битки

Објавено пред

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари средба со Високиот комесар за националните малцинства на ОБСЕ, амбасадорот Ламберто Заниер, кој престојува во дводневна посета на земјата.

dobivaj vesti na viber

Жерновски му се заблагодари на амбасадорот Заниер за неговиот досегашен ангажман и соработка во Република Северна Македонија, додавајќи дека нашата земја ќе продолжи и понатаму активно да работи на почитувањето на правата на сите етнички заедници во нашата држава.

Жерновски информираше за реформските активности насочени кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, за изгласаниот Закон за заштита од дискриминација, за подготовката на новата Стратегија за едно општество за сите како и за постапката на формирање на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Интеграцијата во НАТО и ЕУ не обединува и по етничка основа, го прави нашето општество посилно, а нашите институции постабилни. Овој проект е далеку поважен од меѓупартиските битки бидејќи претставува влог за просперитетна и стабилна иднина за сегашните и идните генерации“, истакна Жерновски на средбата.

На средбата беа разменети мислења за активностите во сферата на унапредувањето на правата на припадниците на немнозинските заедници, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, но и за најактуелните прашања на агендата на ОБСЕ.

 

Македонија

Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП Комуна-Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

Објавено пред

При работа на канал, екипите на ЈП Комуна Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа.

dobivaj vesti na viber

Од тука информираа дека водата ќе биде во краток прекин, а без вода ќе биде поголемиот дел од градот Крушево.

„Го разбираме револтот кај граѓаните и тие се во право. Дефектите се премногу, а тоа се должи на застареноста на водоводната мрежа. Тоа претставува голем проблем и за нас затоа што преголем дел од нашите ресурси, луѓе, механизација и финансии, се трошат на дефекти.“,велат од претпријатието.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. UV=8, јавува УХМР.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок во попладневните часови ќе има честа појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со Генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамки на НАТО, со посебен фокус на претстојниот Самит на Алијансата, што ќе се одржи идниот месец, во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како Министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјава за што поскоро членство во Европската унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност Белмарш во Велика Британија, откако таму помина 1.901 ден. Високиот...

Македонија50 минути

Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП Комуна-Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

При работа на канал, екипите на ЈП Комуна Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа. Од тука информираа дека водата...

Македонија60 минути

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со Генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии...

Македонија11 часа

Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата

Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот...

Македонија16 часа

Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје...

Македонија16 часа

Самка Ибраимоски повикан во полиција поради закани кон судија од Уставниот суд

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник е лицето кое уставниот суд го пријавило поради закани. Тој бил повикан...

Македонија16 часа

Невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати Прилеп

Прилеп е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Попладнево...

Македонија18 часа

Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден

Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти...

Македонија19 часа

Таравари почна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека почнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на...

Македонија20 часа

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и...

Македонија22 часа

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...

Македонија22 часа

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател...

Македонија23 часа

Герапетритис: Флагрантно кршење на договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија

Одлуката на државното и политичкото раководство на Северна Македонија да не се користи „уставното име на земјата во јавниот дискурс...

Свет23 часа

Борел: Путин се подготвува за долга војна, конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна и предупреди на...

Свет1 ден

Бројот на загинати за време на годинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на...

Македонија1 ден

Левицата: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет1 ден

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет1 ден

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод, кој пловел под знамето на Либерија и е во сопственост на Грција, полесно е повреден во...

Македонија1 ден

ЦУК: 2.699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија1 ден

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...