Македонија
Жерновски-Ромео: Поддршка од Италија за евро-атланските интеграции на Македонија

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари работна средба со амбасадорот на Италијанската Република во земјава, Карло Ромео.
На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Македонија и Италија, со нагласок на заемните напори за натамошно зацврстување на пријателските врски.
Жерновски ги поздрави континуираните заложби на Италија за внесување нова динамика во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од официјален Рим за европската перспектива на нашата земја.
Амбасадорот Ромео порача дека Италија останува силен поддржувач на евро-атлантскиот интегративен пат на Република Македонија, притоа посакувајќи му на заменик-министерот Жерновски успех во извршувањето на функцијата.
На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на економските релации меѓу двете земји, како и за мултилатералната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.