Македонија
Жерновски-Шинковски: Односите со соседите се клучен аспект за надворешната политика
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Полска, Симон Шинковски.
Посетата на Шинковски во Скопје е во својство на владин координатор и подготовка на претстојниот Самит на земјите вклучени во Берлинскиот процес што ќе се одржи во јули следната година во Познан, Полска.
Жерновски го поздрави силниот ангажман и посветеноста кон подготовките, особено интерактивноста со земјите од Западен Балкан во врска со темите на Самитот. На средбата се разговараше и за евроинтегративниот процес на Македонија, а Жерновски ги презентираше тековните внатрешнополитички процеси, со фокус на реформските активности во насока на реализација на стратешките цели за членство во Европската Унија и НАТО како врвни надворешнополитички приоритети и очекувањата за почеток на пристапни преговори во 2019 год. Развојот и унапредување на добрососедските односи и пошироката регионална соработка беа потврдени како клучни аспекти на македонската надворешна политика.
Шинковски го поздрави проактивниот пристап, активното учество во предлог-иницијативите и во спроведувањето на заклучоците за секој од самитите од страна на Македонија. Истакна дека политичко-безбедносната, економската димензија, како и вклученоста на младите и поширокиот граѓански сектор, остануваат во фокусот на Самитот. Тој ја реафирмираше полската поддршка на проширувањето на земјите од Западен Балкан која силно ќе биде апострофирана и преку својството на домаќин на Самитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

