Македонија
Жерновски ќе учествува на 13. „Дубровник форум 2018“
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, од утре ќе учествува на тринаесеттиот традиционален „Дубровник форум 2018“ со наслов „Зајакнување на отпорноста Медитеран, Европа и Западен Балкан“.
На Форумот се очекува присуство на премиери, министри и заменик-министри за надворешни работи од регионот, Европа и пошироко, како и претставници на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации. Заменик-министерот Жерновски на маргините ќе оствари билатерални средби со повеќе претставници и учесници на Форумот. Тема на разговор ќе бидат информирање на соговорниците со новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос на договорот со Грција, потврдување на поддршката што ја очекуваме од страна на нашите меѓународни партнери за нашите евро-атлантски интеграции, како и за други актуелни теми и активностите што ѝ претстојат на државава во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори.
Заменик-министерот Андреј Жерновски се очекува да има свое обраќање на тема „Зајакнување на отпорноста преку справување со лажните вести и манипулација на медиумите“. Главната опасност од лажните вести е што може да ангажираат значаен потенцијал на државната акција во интерес спротивен на јавноста преку манипулација. Токму таквите одлуки, базирани врз манипулација со јавното мнение, може да ја стават Република Македонија во незавиден контекст во однос на интегративните процеси. Од тие причини Жерновски на Форумот ќе говори на оваа значајна тема бидејќи во овој значаен период пред кој е исправена нашата земја, лажните и манипулативни вести може сериозно да го нарушат процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

