Македонија
Жугиќ: 13 ноември не обврзува на лојалност кон Скопје, над 400 борци родум од Скопје и скопско положија живот за нашата слобода

13 Ноември 2022 година, 78 години од Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, нека ни е честит денот, почитувани скопјанки и скопјани, рече Јелена Жугиќ, претседател на Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот настан по повод одбележување на 78 години од ослободувањето на Скопје под слоганот „Слободата не се подарува, се освојува.
Таа во текот на своето обраќање посочи дека градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собра денес да оддаде признание и длабока почит на борците за слобода родум од Скопје и скопскиот регион.
-Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собра денес овде во паркот посветен на жената борец да оддаде признание и длабока почит на борците за слобода, родум од Скопје и скопскиот регион, на сите нив кои ги дадоа своите животи за ослободување на Скопје и за победа на народно ослободителната војска над фашизмот, кажа таа.
Жугиќ потсети дека 13 ноември е еден од најзначајните денови во историјата на Скопје и тежината на овој ден обврзува на лојалност кон градот.
-13 ноември е еден од најзначајните денови во историјата на Скопје и тежината на овој ден не обврзува на лојалност кон градот и суштински не потсетува колку е скапа слободата која ја живееме ние денес во Република Македонија. Слободата не ни е подарена, таа е освоена од хероите кои животот го дадоа за неа. Денес, можеби за прв пат на едно место и во исто време ќе се потсетиме на сите 460 борци за слобода од Скопје и од скопскиот регион, рече Жугиќ.
Во текот на своето обраќање Жугиќ и членките на градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги прочитаа имињата на борците кои што загинаа за ослободување на градот Скопје.
На крајот од настанот во духот на празникот 13 Ноември членките на градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ поделија цвеќиња на случајни минувачи низ паркот „Жена борец“ и им честитаат среќен празник. Исто така и делегација од градскиот комитет положија 78 каранфили во знак на 78 години од ослободувањето на Скопје на споменикот на Жена борец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.