Македонија
Забрана за камиони на неколку патишта поради снегот

Поради снежните врнежи воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Од 10.15 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 14.30 часот забрана за тешки моторни возила регионален пат Кичево Охрид кај Пресека
Од 14.30 часот забрана за тешки моторни возила на магистрален пат Охрид Гостивар кај Стража
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити и Агелер разговараа за реформите во судството, коридорите, интеграциите во ЕУ

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес во просториите на Владата оствари работна средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Од Канцеларијата на Меџити информираа дека средбата поминала во исклучително конструктивна, работна и пријателска атмосфера, при што фокусот бил ставен на понатамошното продлабочување на партнерските односи помеѓу двете држави, влади и нивните граѓани.
Беше потенцирано значењето на стратешкото партнерство кое Република Северна Македонија го има со САД на билатерално и мултилатерално ниво, особено континуирата поддршка која САД ја дава на остварување на стратешките приоритети на Северна Македонија.
Од страна на Меџити беа потврдени и повторени заложбите на Владата за продолжување на реформите во насока на исполнување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија. Беше подвлечено и одличното ниво на соработка помеѓу двете држави во НАТО, како основен и значаен предуслов за оддржување на мирот и стабилноста во нашиот регион.
Беа разговарани и теми поврзани со правосудните реформи и потребата од зголемување на довербата на граѓаните во судските институции и постапки. Беше разговарано и за продолжување на борбата против корупцијата во државата како основен предуслов за градење на функционална демократија.
Од страна на двајцата соговорници беше истакнато задоволство за интензивирање на реализацијата на проектите за изградба на коридорите 8 и 10Д, при што од страна на Меџити беше истакната посветеноста на Владата на овој приоритет.
На крај од средбата беше повторно потенциран взаемниот интерес за континуирана пријателска и партнерска соработка помеѓу двете држави и влади.
Македонија
Манасиевски за случувањата во антикорупциската комисија: Секој инволвиран мора да одговара, безразлика на функцијата

Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска, етничка, а најмалку без разлика на неговата функција која ја извршува. Ова го изјави Валентин Манасиевски, член на Цeнтралниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање.
Како што рече, доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување.
„Од аспект на морал сметаме дека е поголема одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите. Нашата заложба како Влада е јасна, а тоа значи бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Правдата и владеењето на правото е важен двигател за развојот и перспективата на државата и затоа секој еден поединец или чинител кој извршува јавна функција мора да е насочен кон исполнување на сопствените индивидуални должности и обврски, односно целосно почитување на законските норми“, рече Манасиевски.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет.
Македонија
Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се откочи патот кон Европската Унија. Тој е дециден и дека е крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било како држава, а се осврна и на владината позиција да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција, која, ако стане пракса, ќе предизвика штета на целиот регион.
„Нашите позиции се да се стави крај на билатеризацијата на европската интеграција и нешто што го повторувам дека создавањето пракса на билатерализација штети на целиот регион. Процесот на проширување нема да биде конечен без интеграција на целиот регион“, рече Муцунски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.
Шефот на македонската дипломатија изјави и дека посветеноста кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на која било влада по однос на националните прашања.
„И што доколку утре се прифати тоа што се бара од нас? Што доколку утре се случат уставните измени и за шест месеци повторно сме во иста ситуација. И повторно ќе треба и дијалог и разговори и повторно ќе биде закочен процесот на преговори. Ги следам и пораките што доаѓаат дека реформската агенда, доколку се исполни, ја врши и дел од работата на самите преговори. Притоа, нагласувам, не мислиме како Влада дека реформската агенда може да го замени процесот на преговори, тоа е далеку од нашата позиција. Но, реформската агенда, прво, може да биде трансформативна за целата држава, а второ, ќе ја покаже и на дело нашата посветеност кон европската интеграција“, рече Муцунски.
Тој изрази и надеж дека европскиот парлмент ќе ја продолжи традицијата на извештаи кои се позитивни кон напредокот врз основа на мерит-критериумите за членство во Унијата.