Македонија
Завршен настан од проектот за медиумска писменост „Мисли, изрази се, информирај се!“

Во Граѓанскиoт ресурсен центар денеска (7 ноември) ќе се одржи завршниот настан од проектот „Мисли, изрази се, информирај се!“.
Настанот ќе го заокружи проектот за младинско информирање и медиумска писменост, а медиумски партнер е студенското радио Студент ФМ 92,9.
Програмата ќе биде отворена во 12 часот со говори на студенти оратори на теми за младинско информирање и медиумска писменост, а ќе се обратат и повеќе говорници меѓу кои професорката Јасна Бачовска- Недиќ од Правниот факултет, поранешниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани и Христина Рунчева-Тасев, раководител на проектот „Мисли, изрази се, информирај се“.
Поректот е спроведен од страна на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), а поддржан од Агенцијата млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.