Македонија
Загина жената што се преврте со автомобил во тунелот кај Демир Капија

Почина жената која била возач на автомобилот што се преврте во тунелот кај Демир Капија. Таа имала 47 години и била сама во автомобилот „фолксваген“, со неготински регистрации.
Според првичните информации, таа изгубила контрола нда автомобилот и тој излетал од патот. Несреќата се случи на делницата Гевгелија – Неготино.
Увид прави обвинител од Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од недела заладување и снег на планините

Од недела нè очекува пад на температурите и врнежи од снег на планините, информира УХМР.
До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела, поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд, на планините снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Безбедноста на храната, влијанието врз здравјето на граѓаните: АХВ и годинава дел од кампањата на EFSA Safe2eat

Како контакт точка на Агенција за безбедност на храната на Европската унија (EFSA), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања Safe2Eat насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната, во Европската унија (ЕУ) и кај нас. Во рамки на кампањата која EFSA ја реализира со земјите партнери од ЕУ, годинава со проширен опсег, продлабочувајќи ја поврзаноста со граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство во оваа кампања акцент ќе стави на темите кои се однесуваат на додатоците во исхраната, безбедното ракување со храна, здравствените тврдења и влијанието на храната врз здравјето на граѓаните, соопштија од агенцијата.
Во петтата година од реализацијата, кампањата, EFSA, настојува на потрошувачите да им обезбеди јасни, научно поддржани факти за безбедноста на храната и совети, со цел да им помогне да прават избор на храна како информирани потрошувачи. Годинава означувајќи значајна пресвртница во нејзината мисија да им помогне на повеќе Eвропејци да ги прават своите избори на храна со доверба, во кампањата Safe2Eat 2025, учество земаат 23 земји (Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Шпанија и Турција).
Активностите поврзани со темите кои ги одбра АХВ во рамки на оваа кампања на EFSA, ќе се реализираат во соработка со операторите, науката, стопанските и независната Лекарска комора и со претставници од невладиниот сектор. Во соработка со граѓаните како потрошувачи, согласно Акцискиот план на кампањата, ќе бидат направени неколку јавни анкети поврзани со прашањата кои се однесуваат на додатоците во исхраната, здравствените тврдења, безбедното и правилно ракување со храната и за влијанието на храната врз здравјето на потрошувачите. Резултатите од анкетите АХВ ќе ги сподели со македонските граѓани и со Европската агенција за безбедност на храната ( EFSA) за понатамошна евалуација.
Како еден од најригорозните системи за безбедност на храна на глобално ниво, европскиот, поддржан од најсовремената наука, вклучува тесна соработка меѓу Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и националните власти за безбедност на храната низ Европа, вклучително и со Северна Македонија, при што, сите имаат клучна улога. Врвни научници од Европа прават проценка на безбедноста и хранливата вредност на храната и даваат совети, тесно соработувајќи со национални и меѓународни партнери, произведители, организации на потрошувачи и групи од граѓанското општество. Заедно, тие ја комбинираат експертизата на ЕУ и националната, обезбедувајќи примена на најновите докази и пристапи со цел обезбедување на безбедност на храната за европските и за македонските граѓани.
Мината година според оценките на EFSA, кампањата Safe2Eat достигнала рекордни нивоа на влијание допирајќи до 45 проценти од целната публика низ Европа, односно до повеќе од 50 милиони Европејци. Нагласувајќи ја важноста на безбедноста на храната во секојдневните одлуки и потврдувајќи го и влијанието врз донесувањето на одлуки од страна на потрошувачите, според резултатите од анкетата која ја спровела EFSA во декември минатата година, оние граѓани кои ја прифатиле кампањата, биле повнимателни при изборот на храна, водејќи сметка за нејзината безбедност.
Годинашнава кампања, изградена на постигнувањата на ланската, има за цел да го продлабочи своето влијание преку проширување на нејзината реализација вклучувајќи пет нови земји учеснички, да ги реши клучните грижи на потрошувачите за безбедноста на храната како што се улогата на науката за обезбедување безбедна храна, ставајќи акцент и на важноста на јасното означување на храната и придобивките од намалувањето на отпадот од храна. Зголемена ќе биде и достапноста на информациите за безбедноста на храна со нови, лесно разбирливи содржини, прилагодени на различни демографски и културни контексти.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги повикува потрошувачите од Македонија да ја посетат официјалната интернет страна на кампањата (https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat) да ги проучат едукативните материјали и да се поврзат со содржината на кампањата на социјалните мрежи користејќи го #Safe2EatEU.
Македонија
(Видео) Јанчев: Ако може за пратениците плата до петти во месецот, тогаш може и за работниците – власта го одби и овој предлог на Левицата

На вчерашната седница на Собранието, покрај Предлог-законот на партијата Левица за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, којшто беше одбиен, на Дневен ред се најде и уште еден предлог на Левица – за исплата на платите до петти наместо до петнаести наредниот месец.
„Ако може за нас, пратениците, платата да се исплаќа до петти во месецот – тогаш треба и за сите останати кои нѐ избрале да им се исплаќа до петти“, потенцираше Јанчев од Левица во своето излагање.
„На банките не им е грижа дали луѓето кои отплаќаат рати за кредити земаат плата на 15-ти во месецот или подоцна – парите за рата мораат да легнат на банкарските сметки без разлика дали некој зел плата или не. Имајќи предвид дека во Македонија е тешко да се заштеди дел од претходната плата – граѓаните се ставаат во неповолна ситуација и неретко мораат да се задолжуваат“, образложи пратеникот.
„Исто така, сопствениците на становите, при наплата на кирии, не ги интересира дали платата се исплаќа на 15 или 20 во месецот. Дополнително, и роковите на некои месечни сметки за тековни трошоци не се поклопуваат со земањето на платата доцна во месецот, па така, неретко на сметките се појавува и заостанат долг и се засметува камата на истиот“, истакна Јанчев.
Ниту овој предлог на пратеничката група на Левица владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше и истиот не помина, велат од партијата Левица.