Македонија
Заев: Апелирам за еднакви можности на сите деца
Претседателот на Владата, Зоран Заев, претпладнево се обрати на конференцијата на тема „Важноста за рано инвестирање: Зајакнување на раниот детски развој во земјите од Западен Балкан“, што е организирана од Светската банка и поддржана од Владата на Република Македонија.
На конференцијата во Скопје, на која присуствуваа и претставници од земјите од регионот, се обратија и високите претставници на Светска банка, Линда ван Гелдер, регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, и Хаиме Саведра, сениор-директор за глобалната едукациска пракса на Светска банка, како и министерките за образование и труд и социјална политика, Рената Дескоска и Мила Царовска.
Генералната порака со која се согласни сите е дека од големо значење е еднаквиот пристап кон сите деца, обезбедувањето еднакви можности за сите деца и вклучување на сите деца во воспитно-образовниот процес затоа што практиките покажуваат поврзаност на подобри социо-економски состојби во една држава со стапката на опфатени деца во предучилишното воспитание и образование.
Премиерот рече дека постои свесност кај Владата колку е важен раниот детски развој во формирањето на личноста.
„Тие деца еден ден треба да бидат успешни лекари, професори, вредни работници и работодавци, чесни судии, политичари. Тие деца, кои и да се тие, независно дали живеат во Република Македонија, Западен Балкан, Европа, Африка, Америка, каде и да е во светот, сите тие се наши деца. Затоа што ниеден човек на планетата Земја не може сам. И затоа што има нешта што се заеднички.
На сите во светот ни се потребни мир и напредок“, изјави Заев.
Претседателот на Владата нагласи дека оваа Влада прави сè што може да постави систем на социјална заштита на граѓаните што ќе им овозможи на граѓаните и на семејствата егзистенцијален мир, кој понатаму влијае и на квалитетот на живот, а со тоа и на квалитетот на развој на личноста.
Исто така, се работи и на зголемување на опфатот на деца во градинките за 50 проценти и проширувања на капацитетите, посебно во сиромашните и руралните делови на земјата со цел обезбедување бесплатни три часа дневно образование во согласност со универзалните цели на ЕУ.
„За оваа 2018 година планираме уште 18 нови проширувања на градинки. Во 2017 се почнати 13 проширувања на градинки надвор од Скопје. Нашата цел е изградба и нови капацитети во 2019 година за што ја обезбедуваме потребната документација. Ние знаеме што покажуваат меѓународните пракси – дека предучилишното образование има огромна улога по кој пат ќе тргнат децата понатаму во животот. Исто така и дека квалитетните предучилишни програми водат кон пониска стапка на порано напуштање на образованието, намалени стапки на криминал и невработеност“, рече премиерот Заев.
Министерката за образование, Дескоска, истакна дека Владата на образованието гледа како на влог во иднината бидејќи вредностите на кои ќе ги научиме децата, солидарноста, владеењето на правото, почитта и грижата кон животната средина, тоа ќе се рефлектира подоцна и во општеството.
„Свесни сме дека добра и квалитетна едукативна програма во градинките, зголемување на опфатот на деца во градинките, ќе се рефлектира врз постигнувањата на целиот образовен систем, а дека во основното образование ќе имаме поподготвени деца“, рече министерката Дескоска.
Таа посочи и дека во моментот во Македонија се одвива важна реформа во образованието со долгорочни бенефити за државата.
Министерката за труд и социјална политика, Царовска, ја нагласи улогата на семејството во квалитетот на развој на личноста, но рече дека децата мора добро да се подготват за животот што следува, а за тоа се важни и институциите.
„Работиме на квалитетен ран детски развој. Ги менуваме состојбите. Затекнавме запуштен систем на образованите, запуштена грижа за децата. 11 години не се градеа градинки. Вложуваме во градинките, работиме на поголем опфат на деца и на квалитетот на воспитно- образовниот процес“, рече министерката Царовска.
Регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, обрна внимание на значењето на што поголема инклузија на ранливите деца, што има понатаму улога и во нивниот развој и во намалувањето на сиромаштијата и повика на конкретни стратегии во државите во согласност со универзалните цели во државите. Потребни се мерки за рано детско образование, дополни директорката Ван Гелдер. Сениор-директорот за глобалната едукациска пракса на Светска банка, Саведра, нагласи дека децата не можат да чекаат и дека е важно сите да добијат фер можности. Освен квантитетот, тој посочи и на важноста од квалитетот на наставата во градинките и училиштата и додаде дека јавните политики за детски развој се ургентна потреба и одговорност на сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

