Македонија
Заев-Бабиш: Чешка пружа недвосмислена поддршка за почеток на преговорите со ЕУ
Премиерот Зоран Заев се сретна со неговиот чешки колега Андреј Бабиш, на маргините на осмиот Самит на шефови на Влади од земјите на ЦИЕ и НР Кина од процесот на соработка 16+1 што се одржува во Дубровник, Хрватска.
„Целта на средбата беше да се афиримираат воспоставените добри билатерални односи и да се отворат нови полиња на соработка во областа на економијата, евроатлантските интеграци на нашата земја, како и во областа на безбедноста и внатрешните работи. Во тој правец премиерот Заев ја спомeна неодамнешната официјална посета на вицепремиерот на Владата на Чешка, Јан Хамачек на Република Северна Македонија како важен поттик за унапредување на взаемната соработка“, соопштија од Владата.
„Оваа година навршуваме вкупно 25 години од воспоставување на дипломатски односи помеѓу нашите две земји. Република Чешка претставува голем пријател и земја поддржувач. Имаме голем потенцијал да ја зголемиме нашата економска соработка. Трговската размена помеѓу нашите две земји минатата година се зголемила за 10%. Чешките компании се добредојдени и ќе добијат поддршка и третман од државата еднакво како и домашните доколку се одлучат да инвестираат во Република Северна Македонија“, нагласил премиерот Заев.
Во однос на нашите евроатлантски интеграции и претстојната важна одлука за почеток на преговорите со Европската Унија, од страна на премиерот Бабиш било изразено уверување дека Република Чешка ќе ѝ ја пружи потребната поддршка и помош на нашата земја да се донесе позитивна одлука за почеток на преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

