Македонија
(Видео) Заев: Велиме јасно НЕ за насилството врз жените
По повод Меѓународниот ден на жените се одржа јавен настан во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија насловен: По ратификацијата – Што е следно по Истанбулската конвенција. На настанот присуствуваа бројни претставници на амбасадите во земјава, меѓународните и граѓанските организации и медиумите, а свои кратки обраќања на настанот имаа постојаната претставничка на ОН во Македонија, Луиза Винтон, премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче. Фокус на дискусија на настанот беше важноста на ратификацијата на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, но и кои се следните чекори во планот за имплементација на конвенцијата.
Постојаната претставничка на ОН, Луиза Винтон ги поздрави Владата и Собранието за ратификацијата на Истанбулската конвенција и се заблагодари на заложбите на овие државни институции во напорите за подобрување на родовата еднаквост во земјата и борбата против родовото базирано насилство. Таа напомена дека ратификацијата на Истанбулската конвенција е многу важен исчекор, но имплементацијата е поголем предизвик на кој треба посветено да се работи.
„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, дозволете најпрвин и јас да ја искажам мојата почит кон сите активистки кои неуморно работат и се залагаат за родова еднаквост. Вашата долгогодишна посветеност и борба резултираа со ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.Ве уверувам дека како претседател на Владата цврсто застанувам покрај вас и со вас бидејќи навистина нема родова еднаквост и еднакви можности се додека жените и девојките трпат насилство. Во таа насока, инсистирам и повикувам на координиран и скрен пристап на сите институции, сите министерства,во справувањето со родово заснованото насилство и во усвојувањето на потребните законски измени согласно обврските од Конвенцијата. Тука, координацијата помеѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење. Но, да не заборавиме дека ова е обврска на целата Влада, на целото општество кое мора цврсто да се спротивстави и да каже НЕ за насилството врз жените“, рече премиерот Заев.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги објасни сите мерки и реформи кои се спроведуваат од министерството, како носител на реформите и политиките во оваа сфера и порача дека поради храброста на жените од нашата земја кои се приклучија на светскиот тренд на охрабрување да се проговори за насилството со кое се соочиле, денес конечно зборуваме за трансформација на нашето општество. Министерот за здравство Венко Филипче исто така се осврна на борбата против семејно и родово базирано насилство и најави обука и специјализација на здравствени работници во клиничкиот менаџмент на овие појави како и отворање на три центри за упатување на жртви во склоп на гинеколошко акушерската клиника во Скопје и болниците во Куманово и Тетово. Исто така, министерот Филипче најави и ревизија на Законот за абортус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

