Македонија
Заев од денеска во официјална посета во Португалија

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во Португалија, во работна посета на Лисабон. За време на работната посета на оваа земја, премиерот ќе има одвоени средби со премиерот на Португалија, Антонио Коста, и со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев ќе оствари работна средба и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, која заедно со него ќе учествува и на панелот што ќе го модерира претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев.
За време на посетата на Лисабон претседателот на Владата ќе учествува и на лидерската средба на шефови на влади и високи претставници на сестринските партии на ПЕС.
Заев ќе биде дел и од Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на кој треба да биде избран заедничкиот кандидат на ПЕС за претседател на Европската Комисија, чиј избор треба да се случи после изборите за Европскиот Парламент идната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ? Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.
Барањата на ССМ се барања направени во СДС.
Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош, велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови и Битола, -4 во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Прилеп, Штип, Претор, Демир Капија и Гевгелија, -2 во Крушево, Велес, Охрид, Виница и Кавадарци, -1 во Скопје-Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 25 сантиметри на Попова Шапка.
Времето денеска
Претежно сончево и малку потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло преку денот, со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.