Македонија
(Видео) Заев во Штип: На референдумот ја заокружуваме нашата одлука за европска Македонија
Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на првиот митинг на Коалицијата за европска Македонија што се одржа во Штип, повика граѓаните сплотено да ја преточат одлуката за евро-атлантски интеграции на Македонија, со гласање За на Референдумот на 30-ти септември.
,,Штип е за европска Македонија и за добра иднина.Со одлуката, на референдумот, ја заокружуваме нашата одговорност, лична, граѓанска, политичка, пријателска, за иднината на европска Македонија.Ние градиме мостови почитувани пријатели. Градиме пријателство со земјите од соседството, пријателство со ЕУ и НАТО, затоа што само со пријатели ќе ‘не биде.Долги години немаше кој да превземе одговорност. Поради тоа се замагли видикот на одамна поставените стратешки интереси на земјата, членството во ЕУ и НАТО, а со тоа и иднината, сигурноста и безбедноста на нашата земја и граѓаните”, рече Заев.

Тој додаде дека е време е да ја решиме единствената пречка, нашата земја да биде впишана во заедницата на рамноправни народи на ЕУ и да застане рамо до рамо, еднаква, со земјите членки на најсилната безбедносна светска коалиција, НАТО.

,,Наша одговорност беше да го решиме отвореното прашање, кое ја загрозуваше иднината на Македонија. Ја презедовме одговорноста. Го решивме спорот.Наша одговорност и света должност беше да го сочуваме идентитетот македонски. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и го зајакнавме.И да бидете горди!Зачуван е целосно македонскиот идентитет, тој е потврден и признаен од целиот свет!Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светски народи и јазици. И никој повеќе нема дилеми, никој не го оспорува тоа.Република Македонија го направи изборот, избра иднина, наместо изолација.
Ве повикувам да ги охрабрите и другите, овде ‘не личи заедно, сплотени, за втората независност на нашата Македонија!”, истакна премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

