Македонија
Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот на СДСМ, Зоран Заев на „Фејсбук“.
Заев нагласува дека одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции.
„Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам. Време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со Ковид-19“, пишува Заев.
Претседателот на СДСМ додаде дека носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржани биле координативни состаноци, носителите делеле маски и разговарале со локалното население.
„Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје“, пишува Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски од Будимпешта: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и нашиот голем пријател Унгарија на која потенцираше дека веќе се реализираат плановите и заклучоците донесени на првата заедничка седница која се одржа во Охрид минатата година.
„Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници и планираме таа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука која ќе претставува темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот.На билатералната средба со министерот Пинтер договоривме набрзо потпишување на меморандум за соработка во делокруг на заеднички обуки на единиците за посебни полициски операции и борба против тероризмот како и полициските единици задолжени за обезбедување на личности и објекти. Меморандумот очекуваме да го потпишеме во втората половина на 2025 година“, истакна Тошковски.
Во рамките на посетата, утрово, министерот Тошковски одржа состанок со заменикот министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте во присуство на дел од унгарската бизнис заедница каде се разгледуваа конкретни иницијативи и планови за унапредување на економската соработка.
Тошковски нагласи дека светот влегува во нов поредок со предизвици кон суверенитетот и интегритетот на нациите, предизвици во функционирањето на човековите права и слободи што уште повеќе ја засилува потребата од соработка, меѓусебно разбирање и помош да останеме свои на своето.
Македонија
Средба Муцунски – Магјар: во фокус на разговорите одличната трговска соработка меѓу Македонија и Унгарија

Утрово, во рамки на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со г. Левенте Магјар, државен секретар за парламентарни работи и заменик-министер во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.
Во фокусот на разговорите беа тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, одличната трговска соработка, како и перспективите и предизвиците на процесот на европска интеграција.
Министерот Муцунски и државниот секретар Магјар разговараа за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на надворешната трговија и економските можности, при што беше истакната посветеноста за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.
Македонија
Средба на пратеникот Коњановски со амбасадорот на Казахстан, изразено задоволство од билатералните односи меѓу двете земји

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со парламентите на: Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, Никола Коњановски, оствари денеска средба со амбасадорот на Казахстан во земјава Садбалди Бурашов.
Во оваа прилика, амбасадорот Бурашов врачи покана за посета на пратеници од Собранието на Република Северна Македонија на Парламентот во Астана во текот на оваа година, кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето дипломатски односи на нашата земја со Казахстан. Поканата е потпишана од претседателот на Групата за соработка со Собранието на РСМ во Парламентот на Казахстан.
Коњановски изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји, посочувајќи дека постои взаемна волја за продлабочување на соработката, посебно во економијата, културата, туризмот и во други сфери од заеднички интерес.
Соговорниците ја потврдија потребата од интензивирање на бизнис-соработката и разменија мислења околу мерките што би можеле да се преземат во таа насока, вклучително со организирање бизнис-форум во земјава за стопанственици од Казахстан.