Македонија
Заев денеска во Софија на лидерски самит
Денеска, во Софија ќе се одржи лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Македонската делегација на самитот ја предводи претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Со самитот, кој поради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе претседаваат премиерите Заев и Борисов, а свои обраќања ќе имаат канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел, на чија иницијатива почна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.
На пленарната сесија на самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес се очекува да земат учество лидерите на земјите од Западен Балкан, како и заменик-претседателот на Европската комисија, Борел, и еврокомесарот за соседство и проширување, Вархељи.
Се очекува на самитот да бидат донесени акцискиот четиригодишен план за заеднички регионален пазар за кој шефовите на држави и влади ќе потпишат декларација, како и декларација за зелена агенда за Западен Балкан.
Како логистика на овие стратешки документи на самитот во Софија ќе бидат донесени и повеќе меморандуми и протоколи, како што се меморандумот за заеднички регионални стандарди за меѓународните договори за инвестиции и протоколот за отворен пристап кон истражувачките инфраструктури на земјите од Западен Балкан.
Лидерскиот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија ќе заврши со заеднички изјави за медиумите на копретседавачите, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно со канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел. Поради ограниченото време на лидерите, на изјавите не се предвидени новинарски прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коњановски: Заеднички да ја дочекаме Новата година кај Офицерскиот дом
На неколку часа сме пред Новата година, a старата за момент ни донесе ново новогодишно зимко руво. Снегот кој го имавме во текот на ноќта беше вистински украс на преубавата предновогодишна Битола. Ќе биде ладно, но топло во нашите срца, порача битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
„Време е заедно да одбројуваме и да ја дочекаме новата година. А има ли поубаво место од епицентарот на забавата-платото пред величествениот Офицерски дом. Денов изминува со детска програма за нашите најмлади и убава дружба со музичката програма во Старата чаршија.
Ве поканувам вечерва заедно да празнуваме, да се веселиме, да се дружиме
на главната сцена.
Вечерната програма пред Офицерскиот дом започнува во 20:30. На почеток забава со Борче Наумовски, потоа „Кабаре за раѓањето и вечноста“, „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ со групата „Нокаут“. Оттаму ќе ги испратиме планинарите и љубителите на планината кои
традиционално и годинава ќе бидат први на први на врвот „Пелистер“. Да бидеме заедно, обединети, во новогодишно заедништво“.
Македонија
Лимани: 2026 година ќе биде година на уште посилен ангажман за задржување на младите во земјата, за поддршка на семејствата
Годината 2025 беше година на предизвици, но и на конкретни резултати. Заедно работевме на зајакнување на социјалната заштита, проширување на услугите во заедницата и поддршка на најранливите граѓани, вклучително и лицата со попреченост.
Во центарот на нашите политики беа децата, преку инвестиции во нови градинки, зајакнување на системот за заштита на децата и промовирање на згрижувачките семејства како најхумана форма на грижа, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.
„Со одговорност и почит, ja унапредивме и грижaта за постарите лица, создавајќи нови услуги, центри за активно стареење и поголема финансиска сигурност за генерациите што ја изградија нашата држава.
Исто така, инвестиравме во младите – во нивниот развој, вработување и активно вклучување, затоа што тие се енергијата и носителите на иднината.
Семејството останува столб на нашето општество, а демографијата – огледало на колективната надеж. Затоа, 2026 година ќе биде година на уште посилен ангажман за задржување на младите во земјата, за поддршка на семејствата и за градење инклузивни политики во образованието, вработувањето, домувањето и социјалната благосостојба – политики што не оставаат никого зад себе и ја враќаат вербата дека иднината може и мора да се гради тука.
Да посакаме повеќе раѓања отколку заминувања, повеќе насмевки отколку несигурност, повеќе доверба отколку сомнеж.
Да изградиме заедно општество што се грижи за најмладите, ги почитува постарите, ги поддржува најслабите и им дава крилја на младите“, кажа Лимани.
Македонија
СДС лаже за политички прогон, судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Кога СДС обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на Филип Андонов Сокол треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го замрзнуваа имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се изживуваа со наши членови со години додека СДС беше власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд.
Додека обвинителка во предметот на Сокол е Валентина Беслимовска истата што го повлече обвинението за Зоран Заев и го амнестираше“.
Од партијата на власт прашуваат, како овие судии и мрежа обвинители се дел од мрежа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Луѓето кои хараа со Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДС и никако поинаку“.

