Македонија
Заев доби награда за Европска личност на годината во Сараево

Премиерот Зоран Заев ја доби наградата Европска личност на годината што ја доделува Агенцијата за избор на најменаџер во Босна и Херцеговина, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.
Заев рече дека му е чест што ја добива наградата трета година по ред, втора како премиер.
„Премиерот Заев соопшти дека годинешната плакета за европска личност на годината, ја посветува на сите негови колеги од регионот, премиерите од Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово, на премиерите од Бугарија и од Грција, како и на граѓаните на сите наши држави“, соопшти владината прес-служба.
Причина за тоа, како што рекол Заев, е тоа што лидерите од регионот и граѓаните заедно покажаа лидерство за добра сегашност и добра иднина, а само преку тоа заедништво и соработка, стана возможно да се постават мостовите меѓу нас во регионот и мостовите меѓу нашиот регион и Европа.
Премиерот Заев ја доби златната плакета за европска личност на годината од врвни менаџери и политичари, како што е наведено во oдлуката, „за исклучителни заслуги за стабилизација и подобрување на односите меѓу европските држави, посебно меѓу соседите, како и за економска, културна и секоја друга соработка меѓу државите и народите во регионот, за надминување на сите стереотипи и барање најдобри можни решенија во постоечките услови на соработка и пријателства“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.